|
||||
ВЕЛИГДЕН |
Велигден Искрена и мила од небото блесна Светлина ги покри и мали и стари Богати и бедни, немошни и гладни за љубов и мир страдни Во градови и села, во земјата цела Ѕвездата сјајна и мила Силно блесна и почна да дарува Радост, надеж и сила. Незнаен патник навратил и слуша Стариот дедо раскажува на внуци Приказни стари за празникот голем За херојства и мечти на народот страден Чија е оваа земја дедо? Оваа земја е исконска и света Земја на великани, просветители, херои Земја во која се пее и игра македонско оро Да кажува и везе за историја славна За печалбари наши заминати во светот. Спасителот Исус меѓу нас дојде, Да ни покаже како да живееме, Како да мислиме и сакаме и други освен себе. Господ Бог го прати со мисија јасна, Да ги земе нашите гревови врз себе; Повикувајќи ангели од небо Тој секого сака и може да спаси Се мачеше за нас но крстот не го уништи Него Воскересна на Велигден, во раното утро Исполнет со живот и бескрајна љубов Ја победи и смртта за да ги исполнува нашите срца со радост. Воскресна за да подари светлина на светот Воскресна за да биде наш вечен патоказ и сила! Автор: Гордана Димовска |