Среда, 27 Јули 2022    PDF Печати Е-пошта
Недај Боже!

bog

Чија клетва нав врат ни легна
та пуста судба лошо не стегна
И која ли коба зло ни прокоби
сами да си ставаме сопки и окови
Од наш ли беше клетва, од душман ли клет
Од дома да ни е помило и џенем усвет
За дома спомени да пееме свети
А да ги газиме домашните адети.
Од татковината туѓина направивме
Ме мачи глабоко ја заглавивме.
Како сме забраздиле по туѓи угари
Заборавивне на своите другари
И на нив по нас копнежот им мина
За излез се запишаа бугари
Кој од нас алката мајчинска ја скина
Се трпки по снагата ми врват
сувомразица душата ми ја мрзни
А срцето страдално се бори
Недај Боже, страв ме фаќа болен
Да не се предаде – да се покори.
И така, во главата врие
Во душата боли, кај одиме ние.
Во гради се пластат и лежат
Црнила мисли што морно ми тежат
И како во бунило мачно
Барам зрак надеж низ пердето мрачно;
Недај боже да ни догори
копнежот за Македонија
Од проклетство да остане
песната не допеана
Да ни се намножат устите
а ни секне јазикот
При наши свети Цркви
во туѓи на Бога да се молиме.
Наместо на нашите могили
на туѓи венци да ставаме
Од едно дрво да се раѓаме
а да не се познаваме.
Да се дружиме со туѓинци
а свој да не се признаваме
Да се посреќни родителите
при разделбите
Ах, клетва, коба – прокоба,
Не ќе да е само од душман и од Бога
Ами повеќе од самите себе
Ех Боже пресвети
спаси не од мизеријата.
Се плашам, ќе не снема
дури да ја најдеме иднината
во одвеаната пепел на империјата.
Боже!
кому да се помолам
за спас ако не Тебе?

Шифра: Спаси Боже

Крсте Наумоски

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.