Перо Дамчевски Коцин
Длабоко во мојата чесна душа Светот треба да разбере и слуша Европа е Македонија. Зар Македонија, тоа свето име На оваа библиска земја наша Постана пазарно и продајно Без никој да н# нe праша!?
Единствен постанавме народ на оваа планета На кој му се сечат корени, дамари и крилја, Од изворот на антиката на земјите од библијата Со забрането име, јазик и црква Со анатеми за симболи свети од исконот За сонцето за лавот за крстот...
Жив и единствен сме народ Од библиско Свето писмо Што го бришеле, бришат и ништат Од сите цивилизациски тефтери Меѓународни, архиви, институции, Организации, фондации, корпорации... Оние кои од нас грабале и заграбиле Земја, јазик, вера, култура...
Пискотници се слушаат од Галичник до Река Сердарот е мртов повеќе од два века. А, децата бегалци талкаат по меридијанот до бескрајот На македонскиот суров прогон и врелиот огон Копнеејќи да запловат кон Белото Море, кон Егејот.
Духот на Македон будно над Македонија бдее Таа земја само име не е, таа земја е и име, и идеал Таа земја е сонце душа што n% gree. Македонија е вечна-неуништива, Македонија, тоа сме ние-народот: тутуноберачите, Работниците, селаните, печалбарите, гемиџиите Војниците, учениците, свештениците...
Време е да запловиме кон НАТО и европското јато Но, не по секоја цена, за утре недајбоже да не смема Ќе пловиме со кајчито и веслата на рибарот Климе, Со белите едра исплетени од белите раце на Билјана, Со јасните погледи од Шара и Грамос од Пелистер И Кораб до бујниот Пирин и од секој македонски рид Со белите бисери на древниот наш Охрид.
Сe’ што Македонија раѓа, с# што Македонија дава Сe’ што Македонија остава, само нам ни припаѓа. |