Среда, 30 Јули 2014    PDF Печати Е-пошта
Балада за Питу Гули

pitu-guli

Млад јунак си кон изведе,
напои го с рујно вино,
оседла го со жолто седло,
притегна му шарен колан,
и му сложи златна јузда,
пак препаса остра сабја,
нареди си чифт колани,
нарами си тенка пушка,
тенка пушка манихерка
и јавна си сива коња.

Дупна коњот и си летна
кај што бајрак се развева,
кај го чекаат другари -
тамо горе в честа гора.

Гората е повехнала,
повехнала, посрнала.

Гледа јунак и не верва,
гледа и се чудом чуди
пак је тихом проговарја:

- Ој те тебе, честа горо!
шчо си, сестро, повехнала,
повехнала, посрнала
ушче преди Макавеи?
Дали те е жар жарила,
дал' те слана осланила.
Дали ветор те е скршил,
или пак ти се здодеја
нас јунаци да прикриваш
низ твојата гасга шума,
под таојата ладна сенка,
крај твоите студни води?
Чудно шуми честа гора
и с воздишка одговарја:
- Ој ти, Пито, млад војвода,
лел` ми питаш, ќе ти кажам:

Ниту ми е жар жарила,
ни ме слана осланила,
ниту ме е ветор скршил,
ни пак ми се здодеало
вас јунаци да прикривам
низ мојата гаста шума,
под мојата ладна сенка,
крај моите студни води,
нај ме тешка скрб притиска,
скрб потешка од планина,
и ме љута болка мачи...
Чуј как твојта верна стража
грозно свири за тревога...
Ја качи се тамо, горе,
На Мечкин Камен, на врвот,
извади си си дјулбијата
и разгледај горе, долу,
Алданечко, Прибилечко,
и си види шчо е чудо –
цела земја поцрнела -
страшна џган се е задала,’
аскер и башибозуци,
љути Турци, крвопијци... !
Вог убил Бахтијар паша
вас јунаци ќе избие...
До днес ви бев заштитница,
а днес - јунашка гробница...
Затова сум повехнала,
брате и сум посрнала ...
Дупна коња млад војвода
та ми летна тамо горе,
тамо горе - Мечкин Камен.
Си извади дјулбијата,
разгледа си горе, долу -
Алданечко, Прибилечко,
гледа и се чудом чуди:
Цела земја поцрнела -
страшна џган се е задала -
аскер и башибозуци...
Љути Турци, крвопијци...
Пак си викна дружината
и така ја заговори:
- Верна, зговорна дружино,
часот дојде под барјака
сите храбро да се бием
и за правда и слобода
до еден тук да изгинем...
Тук е врагот, тук е гробот,
тук - и славата јунашка...!
Ха, да видим как ќе мрете
за народа, за слобода... !
Бијте! Враќање нема ... !
Знајте - народот наш чека
крај на ропство и на мака...
Пушки пукат, земја татне,
гора п'шка, балкан стене,
свират жешките куршуми,
јачат длабоки долови,
течат крви низ усои,
паѓат жергви кат снопови...
гине младост в крв и знај...
Падна и самио тој...

Тук и денес, кога дрва
селјанин сече, собира,
чува шепот - чудни слова:

ПИТУ ГУЛИ НЕ УМИРА!

(Балада за Питу Гули објавена во книгата СТУДИИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР од д-р Харалампие Поленековиќ, МИСЛА, Скопје 1972 година)

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.