|
||||
Независна и вечна |
Од вишното небо до земјата златна Се распослале зраци над полиња ширни Планини, реки, езера мирни. Те огреа сонце,бескрајно милно Во прегратка ги збираш чедата силно Ти земја си чудесна и мила Како птица со волшебни крила. Ех колку сакам да слетам во твоето гнездо Земјо, прекрасна и силна. Треперам од желба и мислам едно Да чекориш смело, да бидеш топло гнездо Во кое ќе се свие секое твое чедо. Македонци во светот насекаде не имa Пееме песни, редиме зборови силни Од цветови в пролет плетиме венец И денес еве илјада желби од срце се ројат Знамиња црвени и жолти се веат и солзи радосници по лице се леат. О, земјо чудесна и мила прогласи независност но ти имаш и сила да се одбраниш од се она и оние кои штета ти носат и оние на кои не им си мила, од сите оние кои газат на твоето достоинство и чест. Векови постоење, војсководци, борци славни ти си створена и имаш сила и денес и утре да ги чуваш своите чеда, да ги задоиш со бескрајна љубов да ја зачуваш својата историја голема како море да го сочуваш името свето, за кое животи се дале достоинствено и гордо празнувајте сите Македонци во светот Македонска земја независна и вечна! Автор: Гордана Димовска |