|
||||
Македонско распетие |
текст: Мишко Талески Застани само малку човеку, зошто ме гледаш попреку, зарем имаш право да ми кажеш кој сум, каков сум, и на светов зошто сум. Замолчи, ништо не те разбирам, твојот јазик не го познавам, сите гробја што ги гледаш сега овде пред мене, твојте ги оставиле, ниту еден солза, ниту кама в грб зариена, не е заборавена. Сто лета минаа, сто години не искинаа, сите лаги, вистини закопани и од светот скриени, дојде време ние да ги кажеме, злото да го казниме. Сто години поделена, сто години одродена, столетие распетие, прагој осквернавени, крстој искривени, гробја сраснати на знајни и незнајни, свеќи дополу изгорени, од ветрој изгаснати. О, земјо газена, недогазена ! О, Македонијо пеана, недопеана ! Плачи, плачи ! Солзите крв се сторија, низ реки истекоа, душмани заминаа, ама и останаа, да не јадат, да не толчат, само Господ озгора не дава, со нас е, ќе не крепи, рака Исусова ќе не избави. Сите лаги, вистини закопани и од светот скриени, дојде време ние да ги кажеме, злото да го казниме, сите горе главата Македонци, правдата ќе победи!
|