|
||||
ОТСЕЧНО САМО – НЕ! |
ОТСЕЧНО САМО – НЕ! Протерајте ме на четиримеѓјето од најизмачената земја на светот таму безгревно убијте ме смрттно стрелајте во мене со железните свитила изрешетајте ги непомирлививе гради нека прска крв по земјата маченичка ум нека се просипа душа нека лета не јас не се откажувам од таа земја од таа пепел од таа маченичка арена пресечете ме како јаболко на четиримеѓјето од распарчената земја на четири парчиња за четирите делови на татковината. Иван Трпоски |