|
||||
Нема душа |
Ме турнаа на дното, под дното, во пеколот ме турнаа Моите, длабоко закопан во моите идеали... Ми ставија сечило од `рѓосана кама на гркланот, полн револвер сиромаштија на левата страна до срцето... Си го гледав ликот во огледалото на смртта, но пред мене беше, секогаш високо пред мене беше - Татковината! И кога и тоа не им помогна, ме врзаа пред прозорецот во занданата да ја гледам Реката во која истекува мојот род... Да ги гледам возовите, автобусите, авионите, бродовите, полни неповрат со Македонци! И да ги чувствувам нив, моите апсанџии од Мојот род летнатти слепи во височините на силата и моќта ... Не издржа душата: ја снема во мене, ја нема, Нема, засрамена од срамот на сопственото ропство. |