|
||||
Празнична |
Автор: Гордана Димовска Во отсјајот на сончевиот зрак Празничен ден се роди пак. Неуморен патник чекори смело допатувал во земја непозната за него Поздравува минувачи со насмевка скришна, Заита кон ридот и гората вишна. Патува низ градови и села Се восхити на Македонија цела. Ко бескраен ѓердан спомени се редат, Уморен седи крај огниште старо Искри од надежи и мечти, Пламен на копнежи врели во ликот на икона света Ех каква му била судбата клета! Реката надвор немирна жубори и тече, Тоа е твојата судба патниче, Тоа е судба која секогаш назад ќе те влече. А далеку таму,во едно срце мало извира и блика љубов голема, бескрајно чиста Допира со нежност и благослов божји Брише солзи, исполнува желби Празнична песна далеку се слуша Пораки и желби за секоја душа Добрина, искреност и чесност Да царува радост и вечна среќа во светот. Христијани браќа, Македонци во цел свет Бидете радосни и среќни во овој миг Среќна Ви Нова година и Божик. ÂÂ |