|
|
| Афери што ја разбија довербата во СДС |
|
Владеењето на СДС ќе остане запаметено како еден од најконтроверзните и најразочарувачки периоди во поновата македонска историја. Период во кој ветувањата за правда, транспарентност и европски вредности се претворија во низа афери, скандали и одлуки што ја разнишаа довербата на граѓаните до темел. Ова не е само список, ова е само мал дел од раните создадени од раководството на СДС што сè уште крварат. -Случај „Глобал“-Струмичката афера поврзана со Заев отвори сомнежи за злоупотреба на моќта уште пред да дојде на власт. Аболицијата затвори случај – но не и прашањата. -Пасоши за криминалци–државата како сервис за мафијаши, Македонски пасоши завршуваа во рацете на луѓе од меѓународното подземје. Скандал што ја посрами државата пред светот. -Правдата под притисок, судството и обвинителството наместо да бидат столб на правдата – станаа алатка. Селективна правда, политички пресметки и изгубена доверба. -СЈО: „Рекет“–симбол на распадот, Аферата со Катица Јанева и Бојан Јовановски ја покажа најмрачната страна на системот. Милиони евра, влијание и злоупотреба на правдата. -Преспански догово –болна пресвртница, Преспански договор ја смени државата засекогаш. За некои компромис, за други – откажување од идентитет. -Договорот со Бугарија–историјата на маса, отвори прашања што не смеа да се отвораат на тој начин. Идентитетот стана тема на преговори. -Француски предлог за ЕУ интеграција донесе протести, тензии и длабока поделба меѓу народот. -27 април – напад на демократијата, демонстранти влегоа во Собранието, патриотите и уставобранителите беа осудени на долгодишни казни за наводен тероризам, последиците се чувствуваат и денес. -Модуларната болница – трагедија без одговорност, Пожарот во Тетово однесе животи, а отвори сомнежи за корупција, импровизација и системски пропусти. -Вакцините–доцнење што чинеше животи, додека регионот напредуваше, Македонија доцнеше. Граѓаните беа оставени на неизвесност. -Тендери во здравството–бизнис наместо грижа, фирми блиски до власта добиваа договори, додека системот тонеше. -Енергетски колапс–РЕК Битола стана симбол на лошо управување. Скапа струја, нестабилност и страв за иднината. -Артан Груби во центарот на контроверзии, обвинувања за влијание и конфликт на интереси. -Златни визи и бизнис врски, сомнежи за привилегии и инвестиции во Дубаи, додека граѓаните се борат за егзистенција. -Партизација на институциите, критериумот не беше знаење – туку лојалност. Државата се претвори во партиска мрежа. -Контроверзни проекти и договори, Речиси секој крупен проект остави сенка – повеќе сомнежи отколку одговори. Аферите не беа исклучок, станаа правило, довербата не се губи одеднаш, се руши афера по афера, одлука по одлука. И затоа СДС нема да остане запаметена само по неисполнетите ветувања, туку по предавствата, криминалите и разочарувањето. Македонија и понатаму ја плаќа цената. И сè уште одекнува мислата на Гоце Делчев: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови-изроди како македонскиот.“ Реченица стара повеќе од еден век – но болна затоа што и денес звучи како да никогаш не престанала да се случува.
|















