Култура и туризам
Среда, 11 Август 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
ВО ЧЕСТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ И ПОЧЕТОКОТ НА ПОКЛОНЕНИЈАТА ВО РИМ (8)

131sl1

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Повеќе...
 
Среда, 11 Август 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
МЕСНОСТА ПЕТЛЕЦ – ТРАГИЧНАТА СУДБИНА ЗА ВОЈВОДАТА ДАМЕ ГРУЕВ (18)

1imun121909

За Русиново родното место на Благој Механџиски е интересно  да се спомене дека три години по Илинденското востание еден особено трагичен настан длабоко ги потресол русинци. Имено, на 23 декември 1906 година смилевчанецот Даме Груев со своите соборци Сандо Китанов од Горноџумајско и Атанас Карчев од Кукуш пристигнале во Русиново со цел да посетат повеќе селски комитети во Малешевијата.

Повеќе...
 
Среда, 04 Август 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА – ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (14)

 

1sol1

Дo почетокот на 1947 година, партизанските сили покажале вистинска моќ во воените способности и во одржување нa ветувањата за своите обврски кон македонскиот народ. Околу 87 македонски училишта биле отворени во Леринско и Костурско. Биле запишани рекорден броj ученици (10.000). Македонската литература и култура доживувале процут.

Повеќе...
 
Среда, 04 Август 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ДАМЕ ГРУЕВ ВО РУСИНОВО (17)

1dam12Даме Груев од Смилево си остана чист македонски национален револуционер. Веруваше дека Европа ќе помогне во ослободувањето на Македонија. Но, како и други пред него и по него се излажа. По востанието Груев останал во Битолско со народот за да работи на консолидирање на Организацијата. Се застапувал за Организацијата да продолжи да функционира, централизирана како тајна држава во османлиската држава, како „подземна република“.

Повеќе...
 
Понеделник, 02 Август 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
ПЕЧАЛБАРСКИОТ КОПНЕЖ НА МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН (7)

1ko1

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Повеќе...
 
Среда, 28 Јули 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
По стапките на Месијата (9) 14 станица е посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб

Црквата на Светиот гроб- Гробот на Христа

Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е мала, посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб. Според Библијата, Јосиф од Ариматеја, кој цел живот го правел својот гроб, му го отстапил на Исус, каде е пренесено телото и на влезот е ставен камен. На ова место владее совршена хармонија, црквичката е во полутемница, од надвор не насликана, со сива боја и архитектура со спирални столбови. Пред влезот во гробот од обете страни стојат големи свеќници, кандила, а слики на сите апостоли го засенуваат влезот на гробот. Од левата страна стои свеќата на вечниот оган, на кој се пали сноп од 33 свеќи кои ги симболизираат годините на Исус кога бил распнат и веднаш се гасат во посебно метално ѕвоно. Се чуваат како реликвија и се палат во посебни прилики или се поклонуваат на кумовите и пријателите. Потоа, влегуваме во малата просторија, Капела на Ангелот, ги наведнуваме главите под преубавиот отвор од изработена слонова коска,  во висина од околу метар и половина, за да влеземе во просторијата на Гробот на Христа. На ѕидот има икона на Богородица зад која впрочем се крие каменот на вистинскиот гроб.

po-stapkite-na-mesijata-9-1

po-stapkite-na-mesijata-9-2

po-stapkite-na-mesijata-9-3

po-stapkite-na-mesijata-9-4

po-stapkite-na-mesijata-9-6

po-stapkite-na-mesijata-9-7

 

Воскресението на Исус Христос

po-stapkite-na-mesijata-9-8Воскресението на Исус Христос е клучен настан, врз кој е изградена главнината на христијанската религија, обичаи и доктрина. Според Новиот Завет, Исус воскреснал од мртвите на третиот ден по смртта. Имено, откако починал како последица на распнувањето на крст, бил погребан во една пештера, но неговите следбеници го нашле гробот празен третиот ден по закопот, а потоа им се укажал на многу луѓе во периодот од 40 дена по смртта, пред да се врати на небото.

Од смртта до воскресението поминале точно 33 часа. Во евангелието на Матеј се вели дека над Исусовата гробница се појавил ангел. Гробницата прва била посетена од страна на Марија Магдалена, која ја затекнала празна. Според Лука, имало два ангела, а според Марко пак, млад човек облечен во бело. Според евангелието на Марко, на денот на своето воскресение Исус најпрвин и се јавил на Марија Магдалена. Според Јован пак, кога Марија Магдалена погледнала во празната гробница, еден од двата ангела ја запрашал зошто плаче, а кога таа се завртела кон нив, го препознала Исус кој го изговорил нејзиното име.

Апостолите тврдат дека Исус во следните четириесет дена се појавувал пред различни луѓе насекаде. Се појавил и пред Апостол Павле, кој претходно бил голем противник на Исусовото дело. Пред да воскресне, Исус им рекол на своите ученици да проповедаат и меѓу нееврејското население.

Христијаните го прославуваат денот на воскресението, односно Велигден, како најголем верски празник.

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот, малку подалеку стоеја и неколку жени коишто последните години Му служеа со своите имоти. Покрај Него тогаш немаше други, освен непријателите и минувачите во неверие. Евангелието подробно пишува за смртта.

Потоа Јосиф од Ариматеја, кој Му беше ученик, се осмели и го побара од Пилат телото за да го погребе. Го положија во еден нов гроб којшто Јосиф го имаше скроено во карпа. Го затворија влезот со камен и заминаа. За воскресението дознаа во мугрите во неделата, кога оние верни жени појдоа со миризливи масла на гробот за да Го помазаат телото, кое не Го најдоа. Веста ја прими прва Марија Магдалина и побрза да им јави на апостолите и тие не ѝ поверуваа. Петар и Јован самите се стрчнаа до гробот и го најдоа каменот одвален, а од телото лежеа оставени само повоите. По ова, кога се собраа заедно во куќата, Исус им се јави и разбраа дека воскреснал. Но им го отвори умот и за да ги разбираат Писмата. Им се јави и на Лука и Клеопа додека одеа во Емаус, но не Го препознаа веднаш. Срцата им гореа на сите.

Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Бог беше Словото. Тоа во почетокот беше во Бога. Се стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана. Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето. И Светлината во темнина свети и мракот не ја опфати. Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бога; тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината. Постоеше вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек, што доаѓа во светов. Во светот беше и светот преку Него стана, но светот не Го позна.

Дојде при Своите и Своите не Го примија. А на сите што Го примија - на сите што веруваа во Неговото име - им даде можност да станат синови Божји: кои не од крв, ни од похот машка, а од Бога се родија.

И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот. Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: „Овој е за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, ме испревари, оти постоеше порано од Мене!“ И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат; зашто Законот беше даден преку Мојсеја, а благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа.

Свети Исак Сирин

Бог допушта искушенија и препреки во духовниот живот за луѓето да се здобијат со „искуство и сила да Го познаат, да ја познаат Неговата промисла за нив, бидејќи низ искушенијата се стекнува мудрост“.

Крај

 
Среда, 28 Јули 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
ИНФОРМАТИВНИТЕ ГЛАСИЛА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ (1945-1992) (6)

1sl908

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Повеќе...
 
Среда, 28 Јули 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО МОНОГРАФИЈАТА НА РИСТО СТЕФОВ (13)

1makust1 1makust12

Делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е публикација на Ристо Стефов (Chris Stefou), роден во револуционерното село Ошчима, Леринско, во Беломорска Македонија. Како последица на економско-политичките случувања во Егејска Македонија, неговото семејство се иселило од дедовкиот праг во 1965 година кога Ристо имал дванаесет години и за секогаш се населиле во демократска Канада. 

Повеќе...
 
Среда, 28 Јули 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНСКИОТ ГОЛЕМ РЕВОЛУЦИОНЕРДАМЕ ГРУЕВ (16)

1kar121

Даме Груев (Дамјан Јованов Груев – Даме) (1871-1906) беше револуционер и национален деец. Тој беше револуционер со душа и со срце, верен на идејата од која се водеше, за која се бореше и за која загина - ослободување на македонскиот народ и Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 21 Јули 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
По стапките на Месијата (8) - од 5 - 13 станица на Христовото страдање

po-stapkite-na-mesijata-8-240Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија), која во тоа време била надвор од ѕидините на градот. Десно од влезот, се наоѓа каменот кој е издлабен од ударите на Крстот или Исусовата дланка, кога исцрпен се потпрел на ѕидот. Тука Симон од Киринеја му помага на Исус да го носи Крстот.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи изгореа за некој да произв

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи из...

Историја

News image

Македонска федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организаци...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА георги (ЏОРЏ) томов - i ДЕЛ (7)

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓунаро...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставим...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.