|
||||
Претседателот Иванов за Водици во Тетово и во Гостивар |
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре (19 јануари 2015 година, понеделник) ќе присуствува на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление - Водици, што ќе се одржи во Тетово и во Гостивар. Во Тетово, со почеток во 09:45 часот, претседателот Иванов ќе присуствува на богослужбата во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“, со која ќе чиноначалствува митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, и на церемонијата на положување на светиот крст. Во Гостивар, со почеток во 11:30 часот во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“, македонскиот претседател ќе се приклучи кон литијата која тргнува од Соборниот храм и се упатува кон мостот на реката Вардар за присуство на чинот на положување на светиот крст. |