|
||||
Македонците во Австралија изгласаа резолуција по повод политичката криза во Македонија |
Едногласна подршка Македонците во Австралија и дадоа на Македонската Влада на чело со Премиерот Никола Груевски со изгласаната резолуција денес... Македонската дијаспора во Австралија со големо внимание ја следи моментната ситуација во Македонија и ја оценува како загрижувачка за стабилноста на државата која има далекусежни последици за безбедноста на македонскиот народ, за угледот на македонската дијаспора. По иницијатива на Македонско-Австралиската Организација на Заедницата заедно со ФОМКУД, Федерацијата на пензионерите, Децата бегалци, денес 17 март 2015 година се одржа народно собрание каде се донесе следната: РЕЗОЛУЦИЈА 1.Остра осуда на обидите да се разниша стабилноста на Владата на Република Македонија. 2.Остра осуда на секакви странски служби кои го поткопуваат интегритетот, суверенитетот на Македонија. 3.Да се поведе судска постапка во рамките на државата за целосно расветлување и контрола на ваквите случаеви. 4.Даваме целосна поткрепа на Владата на Република Македонија во нејзините напори да обезбеди посветла иднина на македонскиот народ. 5.Бараме политичко единство меѓу партијата на власт и опозцијата, во интерес на македонскиот народ дома и во дијаспората. 6.Да не се дозволува надворшено мешање во проблемите од секаков вид. 7.Остро се спротивставуваме за промена на уставното, вековно име Македонија и било каков референдум за промена на името. Голема почит на правото на Македонците да избираат и одлучуваат за својата иднина. Оваа Резолуција ја испраќаме до Собранието на Р. Македонија, опозицијата, сите релевантни фактори во Македонија и медиумите. 17 март 2015 година MACO, Фомкуд, Деца Бегалци,Федерација на пензионерите Мелбурн Австралија |