Среда, 06 Мај 2015    PDF Печати Е-пошта
Ѓорѓи Гоце Делчев - Македонскиот Гарибалди

ivan-zdravevski
Иван Здравевски

4 фебруари 1872  Кукуш–  05 мај 1903 година Баница.

“За  да се дојде до саканата цел секој треба да ја засили енергија, да ги оптегне заспаните, струи  на ровјето да се раздвижат нивните чуства кон пожртвување“

“Моралната револуцијата ,  револуцијата на умот срцето и душата на еден ропски народ е најголема задача “

Ова се зборовите на  најголемиот македонски идеолог, апостол и срцето на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев.

Кој единствените  стремежи за ослободување од вековното османлиско ропство ги гледал исклучиво во Внатрешните сили на македонскиот народ.

Кој пак обединет  заедно без разлика на нивната верска или етничка определеност, треба да стави крај на вековниот јарем.

Животниот пат на Гоце Делчев започнува во неговиот  роден Кукуш кој во тој период на крај на 19 век и почеток на 20 век,  е расадникот на многу македонски револуционери.

Се школува во родниот Кукуш, каде што завршува гимназија  во Солунската машка Гимназија,  “Свети Кирил  и Методиј“.

Во рамки на своето школување Делчев формира таен ученички револуционерен округ, каде за прв пат на 17 годишна возраст ги пројавува своите револуционерни пориви.

Април 1889 година, кога се прославувал роденденот на Султанот Абдул Хамид II, во присуство на солунскиот Валија додека сите велеле “Чок Јаша“  (да живее Султанот) , Делчев велел “Аша“ (долу), што предизвикало огромно задоволство меѓу неговите соученици,  “Кукушанчето беше денес најискрен за сите нас “.

Револуционерниот  надимак му бил : “Ахил“

Во 1891 година се запишува во Военото училиште (академијата)  во Софија, каде тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ширел социјалистичка литература,  за што бил избркан од училиштето.

Делчев се враќа во Штип како учител во Бугарското машко трикласно училиште, заедно со Туше Деливанов во 1894 година се запознава со Даме Груев, еден од основачите на Тајната Македонско Одринска Револуционерна Организација.  Делчев набрзо се приклучува во организација во 1895 година и набрзо станува еден од водачите на истата.

Летото 1896 година се одржува Солунскиот конгрес на кој било Решено, Гоце Делчев заедно со Ѓорче Петров биле ополномоштени да го направата Уставот на организацијата и правилникот, изработениот устав носел наслов “Устав на тајната македонско Одринска револуционерна организација, (кој се состоел од 19 члена поделение во четири глави)  кон крајот на летото споменатата година Делчев станува учител во бугарското православно училиште второкласно во Банско, Разлошко.

На 01 ноември поради здраствени причини си дава оставка од  тоа училиште.

Во јануари 1898 година се формира четничкиот институт,  во кој Гоце Делчев е назначен за главен инспектор на сите чети во Македонија.

За време на честите обиколки кои  што ги прави низ Македонија Делчев работи на создавање на здрави темели за организирање на револуционерната борба, со цврсти комитети и комитски чети на организацијата. Целта е да се извојува Автономија (Делчев пред се се  води од таа идеја имајќи во предвид дека тешко Македонија сама би извојувала независност без поголемите сили како Русија која баш во тој период била во затегнати односи со Јапонија, кои подоцна ќе резултираат со војна. (инаку во некои историски хроники се спомнува можноста од помош од Русија при кревање на евентуално ослободително востани во Македонија во периодото на 1903 година).

Или целосно ослободување на Македонија и Одриснко од Османлиското ропство.

Со цел да го отсрани негативното влијание или барем да го неутрализира  разбивачкото влијание на бугарскиот двор, и другата организација на македонските емигранти  во Бугарија така наречениот “Врховен македонски комитет“ , како активен задграничен преставник Делчев активно дејствувал врз нивните преставници да се откажат од неповикано мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација,  која преставувала единствен легитимен преставник на македоно –одринската ослободително движење, и да дејствува само како помошна сила за материјално помагање на организација.

Во отстранувањето на мешањето на бугарскиот двор Гоце Делчев, водел бескомпромисна борба, моежеби највпечатливо е неговото обраќање до Врховниот комитет генералот Николаев.

“Додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија.

Како и директивата дадена од 1902 година се однесува на истото -забрана за навлегување на бугарски чети во македонија, како и тоа да Бугарија си ја гледа својата политика.

Зашто Македонија ќе си се грижи за својата политика, на советување од 1902 година.

Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и другите водачи на ТМРО решаваат да не се крева фронтално востание во Македонија туку да се води Герилска војна со која како што изјавил Гоце Делчев целта била да :

“Не ние да ги победиме Османлиите, туку тие да не не победат нас “

Во јануари 1903 година Делчев отворено е против кревањето на Востанието во Македонија, бидејќи  се уште е преран чекор и неподготвен чекор, за кој е потребно уште време, оружје. По негова иницијатива било повикано советување во Софија на кое биле присутни :Јане Сандански, Ѓорче Петров, Пере Тошев, и други македонски револуционери, на споменатиот собир свое излагање имале :  Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и други. Тие сметале дека меѓународната и внатрешна ситуација на Македонија не е поволна за кревање на востание, собирот се искажал против кревање на востание.

Како гесло или мото на организацијата го зеле :

“Македонија на Македонците “  од англичанецот Гледстоун.

Ти се изјасниле како ралични од бугарите и македонците во Бугарија кои имале формирано постар комитет со центар во Софија.

Според Пејо Јаворов, поет  и чест сопатник на Гоце Делчев , Гоце Заклучил дека :

“...ТМОРО всушност тргнува по патот на самите врховни комитети против кои беше војувала најжестоко..кога Гоце ги читаше писмата , а тој ги беше препрочитал неколку пати од очите му се одронија солзи, кои паднаа врз шифрираните редови.

Гоце чуствуваше дека останува сам: со своите планови , со своите мечти. Со своите идеали, со десетици чети и со целиот македонски народ ! “

На 19 јануари 1903 година, Делчев со четата тргнува за Македонија; со него бил и Јаворов. Истиот ден пристигнуваат во Самоков.

Веста за солунското решение , Гоце ја прима во Неврокопско, каде го задесува како зимска грмотевица, по оваа вест Гоце се договара со Јане Сандански , Гуштанов и Пејо Јаворов , да вложат најголеми напори за отфрлање на солунското решение. За тоа било одржано февруарското советување во серскиот округ во селото Караќој , на тромеѓето помеѓу Серско , Демирхисарско, и Неврокопско, при што Гоце добил целосна политичка подршка за својата концепција.

 На 19 март Делчев со својата чета го минира мостот на реката Ангиста, во воздух бил дигнат и тунелот на железничката пруга. На 19 -20 април истата година Делчев пристигнува во Солун , сместен бил во просториите на Солунската бугарска машка  гимназија .

Последната средба со неговиот најголем Другар Даме Груев

Еве што ќе рече Ѓорче Петров, Спомени  за таа средба :

“Делчев тргна со силна желба да го види Груев, да размени мисли со него, во него имаше уште надеж, но отиде загрижен за организацијата. Тој Стигнал во солун   Тие вешто го оставиле со Дамета, кој што 2-3 дена го држал со една стаја при себе и се мачел да му го разбие убеѓењето против востанието.

Даме успеал со тоа само да му го нанаесе последниот удар на разочаранието, кое што беше е исповедал пред Пере Јаворов и други, со кои што се беше сретнал после во Серско. Овој дух на очајност проличува и во едно писмо до мене , во кое тој ми велеше, дека ништо не може да се направи и дека оди Во Серско, да си ја даде главата“. Во Солун му ја овозможиле мисијата да ги убеди другарите во Серско за востание и да го организира таму. Јане Сандански пратил чета да го пречека во Серско поле и да го одведе в планина..

Априлската средба ги разбила Гоцевите илузии за ревизија на Солунското решение. Во Солун се сретнал и со гемиџиите , но не успеал да ги убеди да ги одложат акциите за подоцна. Делчев кон нив гаел посебна слабост, своевремено им донирал 5.000 лева. Но тие не го послушале. По неговото напуштање на Солун одекнале Солунските Атентати.

Гоце го напушта Солун и излегува низ вардарската капија и со воз се префрлува во правец на Сер.

Вечерта на 2 мај Делчев пристига во селото Баница на мала одалаченост од Серез . на Присутните војводи и четници Делчев им се обратил :

“Јунаците во Солун ги разигравме анамите со широките шалвари. Од банката Империал Отоман, не остана ни трага . Така ќе ја раздрусаме од темеле таа гнила Турска Империја“

 За неговиот Престој во Баница биле информирани Османлиите.

Предаството на Гоце било направено уште за време на неговиот престој во Солун во бугарската машка гимназија , од страна на “бугарското тајно револуционерно братство“ и Иван Гарванов, кое сега веќе делувало во редовите на ТМОРО, уште кога бил во Солун, а потоа и следен.

Во мугрите на 4 мај 1903 година , се опсадени од турскиот аскер, Гоце наредува сите да излезат од куќата ( со цел мештаните да бидат поштедени од зулумите од аскерот). Во текот на денот на 4 мај 1903 година при повлекување од селото Баница , Гоце Делчев бил погоден во левата града, паднал врз пушката , се обидел да се крене и паднал мртов.

Еве што говори Димо Хаџи Димов негов соборец и учесник во битката кај Баница  за овој момент тажен за сите македонци:

“Петнаесет часа ние го гледавме мртвиот Гоце, наведнат чиниш, врз гробот на Македонија. И петнаесте часа ни се кинеа срцата ...“

Гоцевата саможртва за делото на ослободување на народот во Македонија и Одринско и создавањето на независна или автономна македонска држава му донело признание и почит.

За неговите дела со восхит зборувал и западниот печат кој Делчев го споредувал Со големиот Џузепе Гарибалди, италјански револуционер и демократ кој успева низ револуција да ја обедини Италија во една држава.

Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница се до 1917 година, кога потоа се префрлени во Ксанти, за потоа во Софија. До 1923 година , ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков , а за него пишувало “ Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребани во главниот град на независна Македонија“. Заветот е исполнет на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас. Така големиот македонски идеолог, апостол на борбата за ослободувањње на намачениот македонски народ, се враќа во својата родна грутка, но овој пат ослободена и своја на својот Македонски народ.

Делчев :

“Македонија има свои интереси и своја политика . Тие им припаѓаат на сите македонци. Оној што сака да работи на присоединување на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета себе си за добар , бугарин, грк или србин, но не и за добар македонец“

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.