|
||||
Александар Даштевски и Мане Јаковлески бараат Владата да не ја прифаќа оставката! |
По повикот на новинарот Миленко Неделковски до Владата да не ја прифаќа оставката на директорот на УБК Сашо Мијалков, до нашата редацкија стигнаа лавина реакции и идентични барања. Меѓу другите со вакво барање истапи и основачот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Мане Јаковлески, и аналитичарот Александар Даштевски. “Свесен за положбата во која е доведен, како човек кој го сака сопствениот народ и земја, како и тоа дека воопшто не му е лесно по антитерористичката акција на безбедносните сили во Куманово, во која се загубени човечки животи, сакам да го потсетам Сашо Мијалков дека без разлика на тешките моменти, на сите искушенија низ кои поминувале македонските челници на славната ВМРО, секогаш биле и останале на чело со својот народ.”– вели Јаковлески повикувајќи Владата да не ја прифаќа оставката на човекот кој својот живот го има посветено на одбрана на својата татковина, промоција на Македонската кауза во светот и најуспешниот директор на УБК во историјата на независна Македонија. iNFOMAX |