|
||||
На гробот на Драган Богдановски во Куманово, достојно да се одбележи ЧЕСТВУВАЊЕТО ЗА 8 СЕПТЕМВРИ |
Веб порталот МАКЕДОНСКА НАЦИЈА, СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС и Јанко Томов - Бризбен, Квинсланд, Австралија: На 8 септември, со панихида на гробот на Драган Богдановски во Куманово, достојно да се одбележи името и делото на идеологот и основачот на ВМРО-ДПМНЕ 8 септември се одбележува Денот на независноста на Македонија! Годинава се навршуваат 24 години од 8 септември 1991, кога на референдумот Македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна! Догодина 2016, ќе чествуваме 25 години од независноста на државата Македонија, настан достоен за одбележување и во Републиката и меѓу Македонците во целиот свет и во сите делови на Македонија! Македонското движење за сувереност и самостојност вткаи многу македонски борци, вгради многу жртви во темелите на државноста, и пред Херонеја и по Херонеја 338 пред нашата ера, и пред Илинден и по Илинден 1903, 1944, 1990 година... 8 септември заслужува достоен помен за сите знајни и незнајни јунаци и борци за Македонија, кои ни го оставија аманетот да ја чуваме Македонија до бескрајот, бидејќи таа е Божјо откровение, како што Божја промисла се Македонците! И од 1991 година поминаа децении во незаборав, изминатите 24 години се упокоија многумина од преостанатите преживеаните кои го дочекаа денот, да се радуват на независноста на Македонија! Им должиме на сите ним, на сите кои загинаа и умреа за Македонија помен и спомен со длабоко поклонение, затоа што ни ја подарија слободата и државноста на Македонија! Заслужуваат помен и спомен и нашите соборци, браќа по крв и по вера за Македонија, кои се вградија во темелите на државноста, идеологот и основач на ВМРО Демократска партија за македонско национално единство Драган Богдановски (1929-1998 година), заедно со лидерите и членовите на предисторијата на ВМРО-ДПМНЕ: Македонкиот национален комитет (МНК), Ослободителниот комитет на Македонија (ОКМ), Движењето за ослободување на Македонија (ДОМ), Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ), Тајната национална македонска револуционерна организација (ТНМРО), Тајната национална македонска организација (ТНМО), Национално-ослободителниот фронт на Македонија (НОФМ) во емиграција, се’ до Внатрешната македонска револуционерна органзација - Партија за македонско национално единство (ВМРО-ДПМНЕ) во татковината, во Републиката, во Македонија! Оттука и апелот, годинава, 8 септември, на гробот на Драган Богдановски во Куманово, Македонска нација и Светскиот Македонски Конгрес достојно да го одбележат името и делото на идеологот и основачот на ВМРО-ДПМНЕ со панихида за него и за сите знајни и незнајни јунаци и борци за Македонија, со реферат од Мане Јаковлески како основач на ВМРО-ДПМНЕ, реосновач на електронското издание на списанието Македонска нација запрвпат отпечатена во 1971 година и соборец на Драган Богдановски и реферат за Македонија од Тодор Петров, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес формиран како неформален Светски парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет во 1899 година во Женева, Швајцарија, возобновен во 1990 година во Гевгелија, Македонија, во предвечеритето на распаѓањето на поранешна СФР Југославија! И Мане Јаковлески и Тодор Петров се вградија во македонската кауза, оставија длабок впечаток како борци за Македонија меѓу Македонците во светот и во татковината, ја имаат почитта да се обратат на овие значјни датуми во поновата историја на Македонија. Од годинава и за догодина, масовно и единствени, обединети и за Македонија заветени и посветени, да ги започнеме активностите за одбележувањето на 25 годишнината од независноста на државата Македонија на 8 септември 2016 година! Тоа да биде семакедонска светска прослава, каква што заслужуваат сите вредни за спомен и помен Македонци, исполнета со радост на Македонците за државноста на Македонија по распаѓањето на поранешна СФР Југославија! Упатно е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и членовите на Извршниот комитет да имаат обраќања меѓу Македонците во светот и во татковината. Да се одржи импозантна Академија на 8 септември 2016 година во метрополата на државата Македонија и како свеченост за државноста и како комеморација за сите кои се вградија во темелите на Македонија низ милениумите, од кога постоиме! Чествувањата да бидат во сите поголеми центри на македонските заедници во светот, меѓу Македонците во соседството и во главниот град на Република Македонија! Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ и ограноците на Светскиот Македонски Конгрес, секако носат поголем дел од активностите за достојното одбележување на ова семакедонско чествување годинава и посебно 2016 година. Јанко Томов со саможртва и дело за Македонија, во Австралија ќе прочита реферат пред Споменикот на паднатите борци од војните во Кингс Перт, Западна Австралија или центарот на Мелбурн, Викторија. Нека ни е честит 8 септември - Денот на независноста на Македонија! Сите Македонци еден за друг! Македонија вечна! Господ да ги благослови Македонците и Македонија! All Macedonians for one another! Macedonia timeless! God bless the Macedonians and Macedonia! |