Понеделник, 07 Септември 2015    PDF Печати Е-пошта
Честит 8 - ми септември, Денот на Независноста

111Денот на независноста 8 септември во Македонија се слави од 1991. На тој ден македонскиот народ , излезе на Референдум и на најдемократски начин ја изгласа својата независност со мнозинство - 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумското прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

Голем удел во овој чин имаше македонската дијаспора во Германија, Шведска, Норвешка, Америка, Канада, Австралија. Македонците однадвор силно ја поддржаа вековната идеја на македонскиот народ за сопствена и независна држава.

Морам да напоменам дека со нивна огромна помош како морална така и финансиска и нивниот ентузијазам, беше формирана и ВМРО ДПМНЕ, партија која е најзаслужна за самостојна и суверена Македонија.

По референдумот, водечките светски медиуми излегоа со оценка дека мнозинството гласачи се изјасниле за независност на Македонија и оти тоа ќе значи чекор поблиску до распадот на Југославија.

„...Пред се со референдумот се бара, афирмативно пристапи кон онаа вековна борба на македонскиот народ, која некогаш се решавала со пушки и крв. Денес слободни со својата културна еманципација, национална свест се определиме пред се за самостојна и суверена држава, а потоа да пристапиме со својот правен легитимитет, ослободени од секаква поданиска филозофија и инфериорност и во преговори со партиите, а тоа се шестте републики во Југославија и никакопоинаку, и тоа ни даде за право да кажеме дека нашиот суверенитет и нашата самостојност ја сфаќаме само како поттикнувачки мотив, инспирација и правен легитимитет да стапиме во еден сојуз со суверени држави. Оттука нашата замисла и ние сакаме врз овие принципи и ова видување да изградиме една нова заедница на југословенските суверени држави. Но, во колку не дојде до тоа, тогаш самата историска обврска и судбина ќе не тера да ние пристапиме кон спокојно изодување на своја суверена држава, односно сите нејзини сегменти во правниот, политичкиот, економскиот систем и тоа ќе ни даде шанса да воспоставиме партнерство со сите оние кои ќе имаат интерес со нас да бидат, а Европа е тој дом кој ќе не интегрира и ќе не спои....“

Дел од говорот на акдемик Никола Кљусев, првиот Премиер на Република Македонија.

Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“.

Со овие зборови тогашниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров се обрати пред граѓаните кои спонтано се собираа на плоштадот „Македонија“ за да го прослават успешно спроведениот референдум.

На референдумот му предходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година.

Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранито на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Мнозинскиот дел од албанската етничка заедница го бојкотираше референдумот, а пратениците Албанци во Собранието не го поддржаа новиот Устав.

Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.

Во однос на воспоставувањето на меѓународно-правниот субјективитет, и по неуспехот на Конференцијата за мирно решавање на кризата во Југославија, клучна е Декларација за дисолуција на Југославија што ја донесе Советот на министри на Европската заедница на 16 декември 1991 година со која се упати повик до југословенските републики да се изјаснат дали сакаат да станат независни и меѓународно признати држави.

Македонија беше меѓу четирите од шесте поранешни југословенски републики заедно со Словенија, Хрватска и БиХ кои позитивно се изјаснија по Декларацијата.

Иако само Македонија и Словенија добија позитивни оценки од специјално формираната Бадинтерова комисија дека ги задоволуваат условите за стекнување независност, Европската заедница во средината на јануари, 1992 година, ги призна само Словенија и Хрватска.

Во тој период, поточно на 15 јануари 1992 година, Република Бугарија беше првата држава што ја призна државноста на Македонија. Следуваа одлуките за воспоставување дипломатски односи од страна на Турција, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација.

Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија.

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕЧЕН ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА!

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.