Четврток, 31 Декември 2015    PDF Печати Е-пошта
НОВОГОДИШНА ПОРАКА ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ ВО 2016 ГОДИНА!

grbСВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

НОВОГОДИШНА ПОРАКА ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ ВО 2016 ГОДИНА!

31 декември 2015 година, Скопје, Македонија - Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, Светскиот Македонски Конгрес како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, Ви ја честита Новата 2016 година, посакува да Ви се исполнат сите желби, нека Господ Бог Ви дари здравје и живот, мир и љубов, среќа и радост, успех и бериќет, Вам и на Вашите семејства, каде и да сте, во светот или во татковината Македонија!

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки,

Македонија беше исправена пред големи искушенија 2015 година што изминува, Македонија беше жртва на специјална војна со обид за државен удар според украинското и арапското сценарио, но таа тенденција не’ очекува и во 2016 година. И покрај се’, Македонија повторно е суверена држава, Македонците повторно се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација и тоа повеќе никој и никогаш не може да го смени!

СМК очекува Уставниот суд да ги поништи законите од договорот во Пржино и да го одбрани уставно-правниот ред и поредок, да ги заштити правата и слободите на граѓаните и народот. Молкот на уставните судии и обидите за одложување на времените мерки и одлуките по исполнување на одредбите од законите од договорот во Пржино претставува корупција и соучество во суспензија на Уставот!

Годинава што помина одбележавме 101 години од почетокот на Првата Светска Војна, 76 години од крајот на Граѓанската војна во Грција, 103 години од Балканските војни. Поминаа 103 години од окупацијата врз Македојнија, 103 години од геницидот врз македонскиот народ. Сите овие војни оставија длабоки траги врз Македонскиот народ во целина.

И во 2015 година, како и во изминатите две децении од приемот на државата Македонија во Обединетите Нации во 1993 година, продолжија разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина, продолжија притисоците од ЕУ и НАТО за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, продолжија обидите за рекомпонирање на власта и дестабилизација на земјата.

Никогаш не заборавајте, дека промената на државното име Македонија претставува злосторство против човештвото, најтешко кривично дело велепредавство, флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право! Промената на државното име ќе ги дестабилизира земјата, регионот и југо-источниот дел од Европа!

Бараме безусловен крај на разговорите за државното име Македонија и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка “Република“, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на македонскиот народ и јазик, независно од истоимената северна грчка и југо-западна бугарска провинција и независно од историските хипотеки, окупацијата врз Македонија и геноцидот врз македонскиот народ кој се уште трае до денес од Балканските војни 1912-1913 година.

Отфрламе референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор во Собранието со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Бараме безусловен крај на разговорите за името, достоинството и автокефалноста на Македонската Црква, којашто е една и единствена легална и легитимна канонска наследничка на древната Охридска Архиепископија односно Патријаршија и на Јустинијана Прва!

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки,

И во 2016 година, СМК повикува на семакедонско помирување и обединување, меѓу Македонците во светот, меѓу Македонците во сите делови на Македонија и меѓу Македонците во Републиката!

СМК повикува на хумана популациона политика со цел зголемување на наталитетот на Македонците и буџетска и друга поддршка на младите брачни двојки и повеќедетните семејства. СМК повикува на помош на Фондацијата за многудетни македонски семејства “Свети Никола“ при Светскиот Македонски Конгрес, како обид за помош на Македонците со повеќе деца. Во нив е спасот и иднината на Македонија!

СМК апелира до Македонците да се откажат од изјави за промена на македонското етничко потекло поради промена на македонското државјанство, СМК апелира на повторен прием во македонското државјанство!

СМК ја повикува Владата да го врати правото на македонско државјанство за сите Македонци по потекло во светот, во согласност со членот 11 од Законот за државјанство на Република Македонија од 1992 година “Македонците по потекло имаат право на безусловен прием и во македонско државајнаство!“

СМК повикува на помирување и обединување меѓу Македонците христијани и Македонците муслимани кои се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ!

СМК повикува на крај на недоразбирањата во Австралиско-Македонската православна епархија, како услов за помирување и обединување на Македонците во Австралија! СМК и натаму ги нуди своите услуги на добра волја за арбитража со цел траен мир меѓу Македонците во Австралија!

СМК повикува на обединување во еден и единствен Светски Македонски Конгрес за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, затоа што во единството е силата и победата за Македонија!

СМК и натаму бара права и слободи, враќање на државјанствата, имотните и наследните права, извинување и репарации за насилно прогонетите Македонци од Беломорскиот дел на Македонија!

СМК повикува на репатријација, на враќање на порано иселените Македонци назад во своите родни огништа во етно-историските граници на Македонија!

СМК ја повикува Владата да продолжи со мерките за развој и унапредување на условите за работа и инвестиции, со цел спречување на емиграцијата и подобрување на животниот стандард на Македонците во Македонија!

СМК повикува на унапредување на положбата и правата на Македонците во соседните земји на Републиката Македонија на реципроцитетна основа!

СМК ги повикува Македонците во светот на трансфер на знаења, искуства и капитал во татковината!

СМК повикува на реституција на порано украденото културно-историско наследство од Македонија, назад во Републиката!

СМК ги повикува Македонците во светот како најдобри амбасадори на Македонија, секогаш и насекаде, да ја афирмираат Македонија и универзалните вредности на македонската цивилизација, да ги ажурираат податоците во матичните книги на родените, венчаните и упокоените, во Републиката и преку македонските дипломатско-конзуларни претставништва надвор од татковината!

СМК ќе продолжи со афирмација на универзалните вредности на македонската цивилизација: мирот и љубовта наспроти омразата и војната; толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата; културниот глобализам којшто подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси јазици религии и култури наспроти корпоративниот глобализам којшто врз основа на профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси јазици религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка.

СМК и натаму ќе продолжи со почитување на културната автономија на етничките и верските малцинства, со барање за уставна декларација за почитување на стекнатите права и слободи независно од пописните резултати.

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки,

Независно од историските хипотеки, СМК повикува на историско македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени Привремената согласност од 13 септември 1995 година!

СМК предлага историско помирување на Македонскиот народ со соедните народи и на договори за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и соседните држави!

СМК го отфрла пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата, бидејќи антимакедонизмот на Грција, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Грција за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Покрај евро-атлантските интеграции, Македонците ги преферираат и евро-азиските интеграции. Покрај стратешкото партнерство со САД, Турција и Израел, Македонија треба да се зачлени макар со статус набљудувач во Движењето на неврзаните, Исламската Конференција, Арапската Лига и Комонвелтот, да ги унапреди односите со Руската Федерација, Индија, Кина, Јапонија, Индонезија, Бразил, Јужно-Африканската Република, Австралија, Канада, Ватикан. Во мултиполарен свет во кој американскиот унилатерализам и европскиот центризам се трајно минато свршено време, Македонија мора да гради политика на активен мултилатерализам, од пријатели никогаш доста!

Во случај на дестабилизација на Македонија поради ЕУ и НАТО, неизбежни се Кина и Руската Федерација!

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки,

И во 2016 година ќе се соочиме со обиди за рекомпонирање на парламентарното мнозинство и дестабилизација на земјата, со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Врз Македонија ќе продолжи агресијата со специјална војна, контролирани меѓуетнички и меѓуверски тензии и провокации на СОРОС инсталациите и опозицијата. Инспираторите се од надвор, а извршители ќе бидат домашни (нео)врховисти и колаборационисти. Македонија, за жал, е премногу толерантна кон домашните квислинзи кои отворено работат за грчките интереси дури и не го кријат тоа. Македонците во светот, во соседните земји и во Републиката мора да го спречат тоа и да демонстрираат силно единство, помирување и обединување, заради одбрана на татковината и на демократијата!

И покрај се’, ќе ги совладаме сите искушенија, ќе ги пребродиме сите предизвици, затоа што сме Македонци и затоа што ја имаме и ја сакаме Македонија!

Да бидеме единствени и обединети во одбраната на името на државата и идентитетот на нацијата, во просперитетот на Македонците и на татковината Македонија!

Сите Македонци еден за друг! Македонците за Македонскиот свет! Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна!

Среќна Нова 2016 Година! Амин!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.