Сабота, 23 Јануари 2010    PDF Печати Е-пошта
Промоција на нов албум и хуманитарен концерт во чест на Тоше и 29 години од неговото раѓање
Во пресрет на роденденот на големата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески, вечер ќе биде промовиран новиот албум со негови композиции „Се уште сонувам дека сме заедно“, а утревечер во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи хуманитарен концерт под мотото „Со хуманост кон светлината“.
Тоше Проески
На концертот покрај останатото, ќе бидат исполнети осум песни кои Тоше ги компонирал, а ќе ги отпеат неговите пријатели - Тони Цетински, Борис Новковиќ, Нина Бадриќ, Аки Ракимовски, Елена Ристевска, Калиопи, Јелена Томашевиќ и Бојан Маровиќ, а присутните ќе имаат можност да ја слушнат и премиерната изведба на песната „Се уште сонувам дека сме заедно“ во српска верзија оргинално напишана на српски јазик „Још увјек сањам да смо заједно“, која тој ја смимил во летото 2007 година, а ја напишал композиторот Мирослав Рус. Ќе бидат промовирани и видео изданијата за песните „Guilty“ и „Forever in a Day“ од англискиот албум „The hardest thing“.

Концертот е во организација на Фондацијата „Тоше Проески“, под покровителство на Владата и Министерството за култура, а со цел собирање средства за остварување на уште еден голем сон на Тоше поврзан со неговиот духовен дом во Крушево, односно осветлување на манастирот „Свето Преображение“, каде тој го наоѓаше својот мир. ЕВН Македонија со донација за електрификација се вклучува во напорите за добивање светлина во манастирот. Владата и Министерството за култура реализираа неколку проекти во чест на македонската легенда.

По изградбата на манастирот „Свето Преображение“ беше пуштен во употреба патот до него. Во тек е изградба на Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево, чија промоција се очекува во текот на 2010 година. Во близина на манастирот „Свето Преображение“ се најавува и изградба на крст во висина од околу 33 метри, симболично, според годините на Исус.

Ова е втор хуманитарен концерт посветен на Тоше. На 5 октомври 2008 година, една година откако тој последен пат настапи пред домашната публика, околу 30.000 луѓе од Македонија и регионот се собраа на Градскиот стадион да и оддадат почит на македонската икона, несебично да донираат средства и да му ја исполнат желбата - со помош на светилки да го оформат „ѕвезденото небо“ кое толку многу го сакаше.

По повод роденденот на Тоше Проески, денеска во спортската сала Форца-Мобимак во Скопје ќе се одржи турнир во мал фудбал и пригодна културна програма насловена „Остани како светлина“.

Во рамки на програмата ќе биде промовирана и книгата поезија на влашки јазик „Остани како Светлина“ од Ванѓа Михањ-Стерју, посветена на Тоше Проески и Кристина Костова, првата претседателка на невладината организација „Совет на млади Власи од Македонија“.
Во пресрет на роденденот синоќа во Скопје беше промовиран новиот албум со негови композиции „Се уште сонувам дека сме заедно“. Содржи девет композиици од кои за осум музиката ја потпишал Проески. Тоше ја пее песната по која е насловен албумот и која досега не е објавена, а изведувачи на останатите осум композии се Елена Ристеска, Бојан Маровиќ, Борис Новковиќ, Тони Цетински, Јелена Томашевиќ, Калиопи, Нина Бадриќ и Аки Рахимовски.

На 25 јануари ќе се одбележат 29 години од раѓањето на македонската легенда. Непреболената ѕвезда со славејски глас е родена во Крушево. Основното училиште завршува во „Никола Карев“ во родниот град, а љубовта кон музиката го носи во клупите на средното музичко училиште во Битола, па подоцна на Факултетот за музички уметности во Скопје.

Публиката од целиот свет веднаш ја препозна ѕвездата во него. Патот кон славата го започна во Прилеп со победата на тинејџерскиот фестивал „Мелфест“ и со дебито на штипскиот „Макфест“ со песната „Пушти ме“. Првиот концерт Тоше го одржа на скопското лизгалиште во 1999 година во јулска вечер на обилен дожд, по што следуваа безброј настапи, хитови, концерти, како и седум албуми се до денот на неговата смрт. Минатата година постхумно беше објавен неговиот осми албум „The hardest thing“ на англиски јазик.

Животот на македонскиот ангел згасна на 16 октомври 2007 година. Тоше загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка на пат кон Загреб. Обожаватели од целиот свет постојано го посетуваат неговиот вечен дом на Гумење во Крушево. Редици од луѓе ден и ноќ чекаат да се поклонат на гробот на ѕвездата која имаше љубов за сите и сакаше да го промени светот....

Во чест на македонската икона утре, на денот на неговиот роденден, Републичкиот завод за трансфузиологија организира крводарителска акција. Повод за оваа акција е продолжување на хуманата мисија на Тоше. Од Заводот ги повикуваат граѓаните да се приклучат кон акцијата која почнува во 9 часот.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.