Недела, 11 Декември 2016    PDF Печати Е-пошта
Есма - македонската кралица на ромската музика замина во легендите

esma-slave-katin

На 11 декември оваа година, по кратко и тешко боледување на 73 годишна возраст почина кралицата на ромската музика, македонскиот музички амбасадор во светот, Есма Реџепова Теодосиевска. Есма беше најголем промотор на ромската и на македонската музичка приказна насекаде низ светот. Таа ја доби титулата „Кралица на ромската музика“, обезбедувајќи високо место меѓу ѕвездите кои се вброени во легендите. Таа е првата жена која во 2013 година ја доби престижната титула „Национален уметник на Република Македонија“, како трет добитник на ова највисоко државно признание.

Есма беше најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа беше жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од првото музичко откривање, благодарение на ангелскиот глас стана светски прифатена и призната, таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност

Есма и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски, светски познатиот армоникаш одржале илјадници хуманитарни концерти за оние на кои им била потребна помош насекаде низ светот. Есма пеела за беспомошните во Индија, Мексико, Србија, Босна, Пакистан, Хрватска, Иран и други земји во светот, но најмногу во Македонија. Таа беше најголем промотор на ромската, особено на македонската музичка приказна насекаде низ светот. Таа е најголем промотор на ромската, особено на македонската музичка приказна насекаде низ светот. Затоа, Есма Реџепова-Теодосиевска не случајно, ја нарекуваат втора Мајка Тереза.

Со право се вели дека хуманоста и борбата за мир со песна и благородни дела е основна содржина и богатство на животот на Есма. Со порака за мир, Есма со Ансамблот „Теодосиевски“ престојуваше во многуте кризни подрачја во светот, зафатени со војни, природни катастрофи, епидемии, охрабрувајќи ги и духовно помагајќи им на луѓето да ја пребродат кризата.

Инаку, македонската естрадна уметничка, Есма Реџепова-Теодосиевска е родена на 8 август 1943 година, во Скопје. Потекнува од сиромашно работничко семејство. Но, потеклото и историјата на нејзиното семејство е интересно, преселничко, составено од повеќе нации, космополитско, во кое царувале трите најважни светски религии: еврејската, муслиманската и православната.

Биографијата на оваа извонредна пејачка, жена, хуманитарка, за која авторот на овие редови подготви опширна монографија (на македонски, англиски и ромски) е огледало за животот и делото за неа и нејзиниот животен сопатник Стево Теодосиевски.

Есма и Стево најпосле си зеле парче време само за нив, само за двајцата главни носители на Ансамблот „Теодосиевски“. Есента, 1968 година, решиле да го кажат своето судбоносно – ДА. Објавиле венчавка, и тоа двојна. Едната во Драчево, според традиционалните ромски обичаи, и втората, според желбата и очекувањата на Паца, мајката на Стево, која сакала свадба според македонските – кочански традиции.

Во сите земји ширум Земјината топка прозвучела ромската и македонската песна, носени од моќниот глас на Есма Реџепова-Теодосиевска. Со години светот ја препознава по нејзината ретко убава песна „Зошто си ме мајко родила“ и „Чајорије шукарије“ (Убаво девојче) и одговорот на овие стихови е веќе кристално јасен дека таа е на овој свет поради една своја мисија – да пее, да облагородува, да помага...

Тие немале време за одмор, бидејќи постојано заминувале од една на друга гостувачка турнеја. Во годините на маестралниот подем на Ансамблот, добиле покана за повторно гостување во Индија од Романолошкиот институт, и за учество на Првиот фестивал на ромската музика во градот Чандигар. 

Не само што поканата била прифатена, туку на пат кон Индија тргнале малку со авантуристички дух. Толку далеку решиле да тргнат со свое возило минувајќи низ какви сè не  предели, планини, реки и долини, снегови и дождови, и сè така, до портите на Чандигар. Или тоа со обична математика значи, дека извозиле 7,5 илјади километри пат до Индија. Сите години заедно со Стево Теодосиевски, сè до неговата смрт,  одржале многубројни концерти по целиот свет. Меѓутоа, концертите во Индија ќе останат во трајно сеќавање. Имено, во Пенџаб, во 1976 година, од каде се корените на ромскиот јазик, Есма и Стево се прогласени за „Кралица и крал на ромската музика во светот“. Затоа тие изјавиле дека во Индија се чувствуваат како дома.

Меѓутоа, како што им прилега на „Крал и кралица“ во престолнината на Индија – Њу Делхи, висока чест и уживање им укажале, претседателот и премиерот на Индија, Индира Ганди, примајќи ги во своите официјални резиденции... Средбата била незаборавна. Многу спомени, многу искушенија. Таму, во Идија Есма ги нашла корените на својот ромски јазик, на своето дамнешно потекло. Сето тоа Есма и Стево го почувствувале со возбуда и одушевување. Затоа, во нивните изјави рекле дека во Индија се чувствувале како дома во Македонија.

Во дел од биографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска, меѓу другото е запишано дека таа како естраден уметник одржала илјадници концерти насекаде во светот, околу шестотини композиции се трајно впишани на плочи касети и компакт-дискови, отпеани на 20 јазици; телевизијата - како еден од електронските медиуми и има отстапено многу часови; има добиено повеќе од 2.000 благодарници за хумано дело, затоа ја споредуваат со Мајка Тереза.

Таа е носител на златен и сребрен Титов медал за особени придонеси во културата во поранешна Југославија; добила златен медал за „Пејач на милениумот“, доделен во Москва во конкуренција на врвни пејачи од 83 земји; добитник е на наградите „13 Ноември“ и „20 Ноември“, освојувач е на наградата на УНИЦЕФ во Белград и носител на првиот пасош од Детската амбасада  во светот; два пати била кандидат за Нобеловата награда за мир зад чија кандидатура се потпишале повеќе од 50 невладини хуманитарни институции од татковината и ширум светот; носител е на титулата „Примадона на европската песна“ и „Кралица на ромската песна во светот“; добитник е на државната награда „Мајка Тереза“; добила „Орден за заслуги на Македонија“ и, исто така, добитник е на титулата „Национален уметник на Македонија“.

Во 2010 година Кралицата на ромската музика и светски признатата естрадна уметница Есма Реџепова прими орден за заслуги од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов за нејзината досегашна работа во музиката, но и за нејзините хумани дела и филантропски активности.

По тој повод нејзината скромност ќе рече: „Ова високо признание не го добивам јас, туку го добиваат граѓаните на Македонија, затоа што секогаш сум присутна во нивните домови. Ова не е само признание за мене, туку признание на сите националности кои живеат во Македонија“.

slave-katin-2
Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

esma1

esma2

esma3

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.