Среда, 14 Декември 2016    PDF Печати Е-пошта
ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (2. дел)

holocaust2

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

ЕВРЕИТЕ ВО ИСТОЧНОТО И ЗАПАДНОТО РИМСКО ЦАРСТВО

Во 395 година од новата ера Римското царство било поделено на источно и западно царство со престолнини во Константинопол (Цариград) и Рим. Евреите во тој период биле третирани многу лошо, а во времето на императорот Jустинијан I (527-565),  антиеврејството постанало дел од општественото уредување. Крстоносците во текот на Првата крстоносна војна (1096 - 1097), според хрониките на Вилиам Тирски, со своите војски поминале покрај Битола, каде постоела развиена Еврејска  општина, ја опљачкале, а најголем дел од Евреите ги погубиле.

Македонија е земја од која потекнуваат многу познати еврејски творци - научници, патеписци, уметници. Кон крајот на XI и почетокот на XII век во Костур живеел Евреинот Тобија Бен Елијазар, познат поет и талмудист (Талмуд - Eврејско Свето писмо), а неговиот уценик Јуда Лев Мунг бил поставе за архиепископ во Охрид, по смртта на архиепископот Теофилакт Охридски.

Еден од најистакнатите Евреи од Македонија бил Јуда Бен Моше Москона роден во Охрид, голем патописец, философ, математичар и лингвист.

Познатиот македонски истражувач, академик Александар Матковски (1932-1992) ја промовираше тезата дека големите македонски и сесловенски учители, Светите Кирил и Методиј можеби имале и еврејско потекло (Види:Историја на Евреите во Македонија, А. Матковски).

Во  XIII  и   XIV век  бројот на Евреите во Македонија нагло се зголемува со приливот од Франција, Шпанија и Италија што укажува дека нивтана положба во тие земји значително се влошувала. Евреи како земјоделци се споменуваат и во текот на владеењето на царот Душан во познатата Трескавечка хрисовула, документ од манастирот Трескавец, кај Прилеп.

Во XV век Европа ја зафатила голема економска кризa, епидемии и војни за што како виновници биле окривувани Eвреите, а папата Клемент  IV со специјална була ја овластил Инквизицијата га ги прогонува Евреите.  Бегајки пред Инквизицијата, се проценува дека околу 90.000 Евреи од Шпанија и Португалија се доселиле на Балканот каде почнале да се мешаат со локалните Евреи и со староседелците.

За време на владеењето на Османлиите на Балканот, Евреите биле третирани на ист начин како и останатото немуслиманско население. Тие се занимавале со трговија и производство на волнени кебиња, јамболии и слично. Во средината на XIX век започнале да отвораат манифактурно- индустриски претпријатија, а веке во втората половина на тој век главен збор  во трговијата имала младата македонска буржоазија.

ЗАЕДНО ЈА ДЕЛЕЛЕ СУДБИНАТА СО МАКЕДОНСКИОТ  НАРОД

Според пишувањето на органит на македонските социјалисти ,,Политическа слобода,, бр. 7 од 29 ноември 1898 година, во етничките граници на Македонија живееле 2.275.000 лица, од тоа 1.200.000, значи мнозинството, биле Македонци, од кои 90.000 биле Евреи Најголем дел од Евреите се чуствувале како синови на македонскиот народ, ја делеле неговата судбина и ја помагале неговата борба за национално и социјално ослободување. Евреите во Македонија многу рано ги прифатиле социјалистичките идеи и започнале да се здружуваат во групи по примерот схто го воведол социјалистот Васил Главинов. На парламентарните избори во 1920 година Евреите најмногу гласови дале за кандидатите на левицата.

Значајно било ангажирањето на Евреите во помагањето на Македонскиот народ во предилинденскиот период и во текот на Илинденско востание. Евреинот Јакоб Домазет од Костур давал платно за облека и опрема за македонските востанички чети, а Јакоб Коен исто така од Костур помагал во одржување на курирски врски. И Многу Евреи со пушка во рака или на друг начин активно учествуваа во Илинденското востание.

И солунските Евреи многу ја помагале организацијта ВМРО. Познато е дека хотелиерот Аврам Мазну, фабрикантот Давид Каички, превозникот Давид Качачки и тројцата браќа Хасит помагале во снабдувањето на членовите на Организацијата со оружје и муниција.

За битолчанецот Рафаел Камхи се знае дека дека присуствувал на Основачкиот конгрес на ВМРО (Внатрешната македонска револуционерна организација) на 23 октомври 1896 година во Солун и дека другарувал со револуционерите Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев, Ѓорче Петров и други. Камхи собирал парични прилози за Организацијата, долги години бил врска помеѓу централниот комитет на ВМРО и задграничнити претставништва, а патувал и во специјални мисии за Организацијата во странство. На познатиот новинар Аарон Асса, Евреин по потекло од Бугарија, кој го интервјуирал Рафаел Камхи во Израел во неговата длабока старост, тој му изјавил дека се чуствува повеке како Македонец одколку Евреин, дека ја сака македонската земја како своја, Македонците како родени браќа, а слободна Македонија како најзначајна цел во неговиот живот.

На првите парламентарнми избори во Отоманската империја во 1910 година левицата на ВМРО за свој кандидат во Меџлисот (Турскиот парламент) го предложило Димитар Влахов, социјалист, чиј избор го помогнал и Еврејскиот социјалистички клуб  "Federacion socialiste" (Federasion sosialist, ili ,,Социјалистичка федерација".

Македонските Евреи меѓу двете светски војни биле органмизирани во Еврејски општини, во рамките на Сојузот на еврејските општини на кралството Југославија со седиште во Белград. 

Според пописот на населението од 1921 година во кралството Југославија од 12.017.323 жители, 64.221 биле Евреи.

Поради сиромаштија, капиталистичката експлоатација и растот на антисемитизмот голем број Евреи во периодот меѓу двете светски војни биле приморани да емигирираат во Америка.

ПОРАСТОТ НА АНТИЕВРЕЈСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО КРАЛСТВОТО ЈУГОСЛАВИЈА

Антисемититското расположение во кралството СХС почнало да се шири уште веднаш по неговото формирање во 1918 година. Младата српска, хрватска и словенечка буржоазија била алачна за што пократко време да приграби што е можно поголем капитал, а за таа цел голема пречка гледала во Еврејските трговци, индустријалци и занаетлии. Антисемитските идеи, превземени од Германија и Австрија, преку Хрватска се ширеле низ целото Кралство.

Новинарот од Бјеловар Милан Обрадовиќ уште во 1920 година го напишал памфлетот:"Како да го решиме еврејското прашање", со цел да укаже на ,,опасноста" од Евреите и предлагал да им се забрани на Евреите слободно да се движат, да се протераат во гета, да им се забрани да се нарекуваат ,,Хрвати од мојсиевска исповест", да им се ограничи школувањето во сите школи и уште многу други слични идеи за забрани!?

Положбата на Евреите во кралска Југославија многу се влошила за време на профашистичката влада на Милан Стојадиновиќ и владата на Драгиша Цветковиќ - Мачек. Оваа ненародна влада донесла голем број закони, прописи и наредби за прогонување на Евреите, поради  што многу Евреи се иселиле во Палестина. На 27 јули 1939 година владата на Драгиша Цветковиќ и Влатко Мачек усвоила прописи во кои, помеѓу останатото, се предвидувало:

1. Eвреите кои дошле во кралството Југославија  после 1. јануари 1935 година морале да ја напуштат земјата во рок од три месеци;

2. Евреите кои дошле во кралството Југославија пред 1 јануари 1935 година, а не живеат во него повеке од 10 години, морале да ја напуштат во рок од шест месеци;

3. Eвреите кои живееле во кралството Југославија повеке од 10 години, а не биле југословенски државјани морале да го напуштат во рок од една година.

Антиеврејското законодавство во предвоена Југославија било подржано и од тогашниот печат. Во кампањата што се појавила весникот "Балкан"  во 1938 година се објавени првите расистички текстови со антиеврејска содржина со што ширум се отворени вратите за создавање на антиеврејско расположение. Загрижени заради порастот на антисемитизмот, делегација на Сојузот на еврејските општини во кралството што ја предводел Фридрих Попс го посетила на 22 фебруари 1939 година претседателот на Министерскиот совет  (владата на кралството Југославија) Драгиша Цветковиќ кој го сватил овој настап како политички гест и ги испратил со зборовите:"Не е во интерес на Евреите да се занимаваат со политика....Сепак работите добија несакан тек".

На овој начин кралската влада широко ги отворила портите  на фашистичката теорија за расите и на тој начин подготви тло за најголемата трагедија на Евреите во некогашното кралство Југославија.

Во 1930 година во Македонија се регистрирани 4.610 Евреи. Во април 1941 година во Битола, Скопје, Штип и во некои помали места во Македонија имало 2.150 еврејски семејства со 7.762 члена, а ним им се придружиле уште 300 Евреи од Србија, најголем дел од нив од Белград, по германската окупација.

Продолжува

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.