Среда, 25 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (8. дел)

holocaust2

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

ТРЕТИОР РАЈХ ГИ БАРА ЕВРЕИТЕ ОД СВОЈАТА СОЈУЗНИЧКА БУГАРИЈА

Комесарот за еврејски прашања на Бугарија Александар Белев на 2 фебруари 1943 година го известил своето Министерство за внатешни работи дека германскиот амбасадор во Софија Теодор Данекер му соопштил дека Рајхот бил спремен да ги прими Евреите од окупирана Македонија и Беломорието, како и ,,несаканите,, Евреи од ,,старите предели,, /од Бугарија/.

Фашистичката власт во царборисовска Бугарија веднаш се посветила на исполнување на барањето на нејзиниот сојузник - Рајхот и почнала со подготовка на списоци на сите Евреи на нејзината територија и окупираните предели, а Иван Захариев, шефото на скопската канцеларија на Комесаријатот за еврејски прашања воќе до 20 фебруари 1943 година го подготвил списокот на целокупното население  во Македонија и Тракија. Само сва дена подоцна, на 22 фебруари 1943 година германскиот  амбасадор Теодор Данекер  во името на Рајхот и Александар Белев во името на бугарската фашистичка влада го потпишуваат договорот за  предавање на Германија во првата фаза 20.000 Евреи од Македонија и Беломорието. Со други зборови, двата верни сојузници кога станувало збор за решавање на ,, Еврејското прашање,, ништо не оставале на случајот.

хххххххххххххххххххх

Првите поединечни егзекуции на Евреите во Македонија извршени се во текот на 1941 година. Бугарската окупациона власт во Македонија им предале таа година на Герм,анците 48 од 300 Евреи кои пребегале во Македонија од Белград, по навлегувањето на германските окупаторски сили во Србија. Сите биле стрелани на  3 декември во импровизираниот логор Јајинци во близината на Белград.

хххххххххххххххххххххх

Со договорот помеѓу  Теодор Данекер и Александар Белев од 22 фебруари 1943 година депортацијата на Евреите од Македонија и беломорието требало да започне на почетокот на март истата година; нивното предавање да се врши во определени пунктови, привремени логори во близина на железнички стсаници, а нивното собирање да се изврши веднаш и одненадеж. Од тој момент тие (Евреите) потпаѓале исклучиво под германска надлежност (Натан Гринзберг: "Документи", стр. 8-11).   Белев му предложил на министерот за внатрешни работи Габровски за извршување на таа операција заедно да дејствуваат војската и полицијата. На Евреите требало да им се каже дека ке бидат транспортирани во други краишта на Бугарија, но тие несмееле да знаат дека ке бидат предадени на Германците! По нивното иселување, се разбира, еврејскиот имот би бил конфискуван  во полза на бугарската држава.  

Веднаш по потпишувањето на договорот Данекер-Белев забрзано запоцнала подготовката на објекти што требало да постанат собирни логори за Евреите. За спроведување на акцијата за собирање на македонските Евреи биле задолжени делегатот на Комесаријатот за еврејски прашања во Македонија Захари Велков, за скопската област Иван Захариев и Пејо Драганов Пеев, кој воедно бил командант на скопскиот концентрационен логов, за штипската област Стојан Христов Башчеванџиев, а за битолската област Кирил Стоименов и Ѓорѓи џамбасов. Било предвидено во Македонија да се подготвав три собирни логори - во Скопје, Штип и Битола, но бил направен само еден, во големите згради на скопскиот Монопол кои и денес постојат како неми сведоци на големата трагедија. Собирниот логор бил во една од четирите згради, секоја со по 30 соби. Во секоја соба по десетина дена  - се до депортирањето за логорот на смртта Треблинка, престојувале по 241Евреин! 

Меѓунаслов: 11 МАРТ 1943

Во два часот наутро на 11 март повеќе стотини бугарски агенти, полицајци, војници и претставници на Комесаријатот за еврејски прашања ги добиле последните инструкции за почеток на грижливо и во строгса тајност подготвуваната акција за собирање на македонските Евреи според грижливо однапред подготвените списоци. пред зградите на полицијата во Скопје. Битола и штип се собрале десетици запрежни коли што требало да го пренесат она што им се нашло при рака на избезумените од страв Евреи, како и за превоз на болни.

Тоа студено мартовско утро, четврток, бугарската војска и полиција ги блокирала сите улици и квартови во Скопје, Биутола и Штип кадешто живееле Евреи. На секои десет метри бил поставен по еден војник. Никој не смеел да помине! Во групи по тројца, со списоците со имињата и картони со адресите на живеалиштата на Евреите, бугарските фашисти се распрснале кон еврејските куќи. На полицајците им било наредено да им кажат на Евреите да ги понесат сите пари со коишто располагаат и драгоцености "за да им се најдат во неприлика". По напуштањето на живеалиштата полицајците истите ги запечатувале, а клучевите ги предавале во полицијата.

Најверодостојна слика за тоа што се случувало тоа утро на 11 март 1943 година се изјавите на малкумината Евреи коишто успеале да се спасат од погромот. Забележена е изјавата на Хескија Пијаде пред федералната комисија на Македонија за испитување на воените злосторства кој, помеѓу останатото го рекла следното:"Ние како да ја претчуствувавме несреќата. Утрото, околу пет часот разбравм,е дека целиот град е блокиран.... Двајца вооружени полицајци во придружба на три полициски агенти грубо ја турнаа вратата и почнаа да не прозиваат. Злато, накит, часовници, пари и се што е скапо земете со себе, патот е долг, нека ви се најде", изјавил Хаскија. "На улица не чекаше шпедитерска кола и неколку фамилии фатени пред нас. Малку од студот, малку од страв, се тресевме. Секој од нас гледаше во мајката, сестрата братот како никогаш повеќе не ке да ги види. Во дворот на Монополот беа наредени неколку маси, а од страна гледаа наредени агенти и полиција. На масите злато, накит, часовници, а џебиовиуте на агентите, преполни. Вадевме се што понесовме со себе.. Еден агент нешто ставаше во свотот џеб, а нешто забележува во записникот! - Пари, пари, златото вадете го, урлаше еден агент. Ако ти најдам нешто ќе те стрелам како поес! Погледнав во соседната соба, а тамо еден агент им го симињаше накитот на мојата жена. Го претражуваше секој дел од телото. какво понижување".

Слична била атмосверата и во Битола каде на 11ти март 1943 се собрани 973 еврејски фамилии со 3.351 член. Со собирањето на битолските Евреи раководел Кирил Стоименов, Георги Џамбасов, Васил гепргоиев Василев и генераслот Маринов. Истиот ден, на 11 март, со 14 сточни вагони за Скопје се транспортирани 131 еврејска фамилија со 551 член. Со акцијата таму раководеле Стојан Христов Бахчеванџиев и Игнат Атанасов.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.