Среда, 15 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
Двојазичноста е антидржавна проекција со епилог етничко чистење и територијална дезинтеграција!

todor-petrov
Пишува Тодор ПЕТРОВ

И покрај се’ и после се’, независно од владината коалиција, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, мора да демонстрираат единство кон државните и националните интереси, мора да ја отфрлат т.н. “албанска платформа“ како неприфатлив ултимативен памфлет и ништо повеќе од тоа!

Македонија или ќе биде држава како и сите останати во светот, или нема да ја има. На добар пат сме самите да ја растуриме!

Правото на образование, информирање и вероисповед, како и правото на културни установи и преведувач во истражни и судски постапки на мајчин јазик не значи двојазичност!

Но, партиите на Албанците сметаат дека двојазичност е сите Македонци на целата територија на Македонија да го зборуваат и албанскиот јазик, со цел Албанците да можат да говорат секаде и пред секого само на својот јазик. Провокативно изјавуваат “Македонците мора да го научат албанскиот јазик!“ Најдобар пример како тоа функционира е лидерот на ДУИ, кој никаде во институциите на власта и пред јавноста не зборува на македонски јазик иако мајка му е Македонка, мајчин јазик му е македонскиот. Зоран Заев на прес-конференции веќе оди со преведувач од албански на македонски јазик. Пример ни е и Собранието на Македонија, таму 100 Македонци седат со слушалки на глава како космонаути за да разберат 20 Албанци кои зборуваат на албански јазик.

Патем, едно конкретно прашање? А, што се попривилегирани Албанците во однос на другите национални малцинства, та само тие да може да го употребуваат својот јазик, а останатите малцинства не, зарем тие не се луѓе да ги бараат и да им се удоволат истите права?

Службеноста на јазиците во Македонија е дефинирана со членот 7 од Уставот.

Во Уставот од 17 ноември 1991 година, “во Република Македонија СЛУЖБЕН ЈАЗИК е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“, а само “во општините во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите, ВО СЛУЖБЕНА УПОТРЕБА, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон“.

За жал, војната во 2001 година заврши со Охридскиот рамковен договор. Тогаш, некои македонски недоносени лејки, некадарни соговорници, прифатија измени на членот 7, според којшто “На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи СЛУЖБЕН ЈАЗИК е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“, со дополнување дека “СЛУЖБЕН ЈАИК е и друг јазик што го зборуваат 20% од граѓаните, но, само како што е определено со членот 7 од Уставот.

Што значи членот 7 за албанскиот јазик, бидејќи манипулативно само Албанците се повеќе од 20% од вкупното население во Македонија:

(1) Само Албанците на целата територија на државата може да имаат лични документи на македонски и на албански јазик.

(2) Во општините каде што најмалку 20% од граѓаните се Албанци, службен јазик, покрај македонскиот е и албанскиот јазик.

(3) За употребата на јазиците и писмата на малцинствата кои се помалку од 20% од граѓаните во општината (за жал) одлучува советот на општината.

(4) Во општините каде што најмалку 20% од граѓаните се Албанци, секој Албанец до подрачните единици на министерствата може да се обраќа на македонски или на албански јазик. Подрачните единици на министерствата само во овие општини, на овие лица им одговараат и на македонски и на албански јазик.

(5) Секој Албанец, само во општините каде што најмалку 20% од граѓаните се Албанци, во комуникацијата со министерствата може да се обраќа на македонски или на албански јазик. Министерствата на овие лица им одговораат и на македонски и на албански јазик.

(6) Во органите на државната власт на Република Македонија албанскиот јазик може да се користи само во согласност со закон. Засега, тоа право се остварува така што, пратениците Албанци може да говорат на пленарни седници на Собранието и на собраниските тела на македонски или на албански јазик.

Ете, тоа погоре значи членот 7 за албанскиот јазик во Македонија.

Наместо со Уставен закон да се дефинира кој јазик во која општина е службен јазик, власта остави тоа да се утврдува од попис на попис, според резултатите од Државниот завод за статистика. А, веќе знаеме дека пописните резултати секогаш се фалсификувана математика, знаеме зошто се прави пописен фалсификат во Македонија, односно знаеме зошто за време на попис има инциденти со цел груб фалсификат на пописните резултати! Затоа што членот 7 повеќе нема да важи!

Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во предизбирната кампања за предвремените парламентарни избори минатата година, им ги отвори апетитите на Албанците во Берн, Швајцарија, како и во средба со лидерите на албанската дијаспора, дека Охридскиот рамковен договор треба да се прошири и почна да импровизира за двојазичноста, се состанаа партиите на Албанците и со асистенција на Тирана и Приштина ја испорачаа “албанската платформа“. Побараа двојазичност на целата територија на Македонија, промена на името, знамето, грбот и химната на државата, како и усвојување на Резолуција во Собранието со која се осудува геноцидот врз Албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956 година!?

Зоран Заев во предизборната кампања импровизираше: Зошто бабичката Албанка во Гостивар да не може да си напише барање на албански јазик до општинската администрација и на тој јазик да добие одговор? Зошто Албанец во Прилеп да не може да поднесе барање до општинската администрација и да добие одговор на албански јазик? Зошто детенцето во Куманово да не може да стекне музичко образование на албански јазик како основа за средното музичко училиште затоа што не го знаел македонскиот јазик? Зошто да не може албанскиот да се учи во детските градинки во Струмица (за да може Заев полесно да си ги продава пиперките на кванташки пазар, м.з.)? Арно ама, дури сега гледаме и читаме што значи двојазичноста. Партиите на Албанците бараат во членот 7 од Уставот да стои “македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се службени јазици во Република Македонија”!

Всушност, што значи двојазичност на целата територија? Двојазичност значи службениците во државната и во јавната администрација на целата територија, заради 13% Албанци од вкупното население во Македонија, да го знаат и да зборуваат и на македонски и на албански јазик, или Албанци да има како двојна администрација на сите нивоа и на целата територија, сите барања да ги примаат и на нив да одговараат и на двата јазика, и усно и писмено. Е, тоа никаде во светот го нема!

Откога медиокритетите на СДСМ јавно повеќепати повторија дека т.н. “албанска платформа“ е прифатлива во целина, сега партиите на Албанците осоколени, уценуваат во формирањето на Влада, посебно знаејќи дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ немаат консензус за националните и државните интереси на Македонскиот народ и на Македонија. Дури се и во предност, затоа што успеаја со 60.000-70.000 наменски гласачи да ја легнат СДСМ на патос. Имено, СДСМ ретерира до обезличување: Самите изјавија дека повеќе не се патриотска партија, самите изјавија дека повеќе не се македонска партија, самите изјавија дека се албанска партија! Абанците успеаја да го обезличат гласачкото тело на СДСМ. За 60.000-70.000 гласа, што се неизвесна променлива бројка по потреба од избори до избори, партиското раководство, обезличи 370.000 гласачи и се декларира за албанска партија. Ако СДСМ стана албанска партија за 60.000-70.000 гласа, што се останатите 370.000 избирачи кои гласаа за СДСМ и нивната коалиција? Се изгубија ли Македонците во СДСМ? Се разбира, тоа е системска грешка по инструкции на Сорос фондацијата, со катастрофални последици на долг рок, не само за партијата, туку и за државата! И затоа не може да останеме незаинтересирани што се случува во СДСМ и околу таа партија!

Впрочем, градоначалникот на Струга и претседател на Движењето за реформи на ДПА Зијадин Села, е многу подециден: Доколку ВМРО-ДПМНЕ е против двојазичност, ние сме за федерализација на државата! Се закани дури со формирање на Албански парламент во Македонија доколку не се прифати нивната ултимативна “албанска платформа“. И, ДУИ ја поздрави иницијативата на СДСМ и побара соодветна измена во Уставот и Охридскиот рамковен договор, затоа што не е можно нејзино остварување без измени на Уставот на Македонија!

Како капаче на сето ова, вреди да се повтори интервјуто на поранешниот новинар Мухамед Зекири за Агенцијата “Анадолија“ од 13 декември 2016 година, сега пратеник во Собранието на СДСМ: “Вредеше целиот овој труд, бидејќи Албанците напишаа историја на овие избори. Со гласањето за СДСМ, Албанците го осудија овој режим и направија тој да не биде повеќе на власт и да не може да функционира на истиот начин како во изминатите 10 години. Ако не беа Албанците и нивните гласови, ова немаше да се случи. Албанците беа осетливи и на најдемократски начин со своите гласови ја спасија Македонија и посведочија дека ја сакаат оваа земја повеќе од самите Македонци... Убеден сум дека ветувањето за употребата на јазикот не е трик за привлекување на гласовите на Албанците во СДСМ... Во моментот кога ќе забележам ретерирање, ќе зборувам јавно и нема да молчам, бидејќи не му должам никому. Јас со мојот кредибилитет сакам да помогнам за општо добро. Нема да дозволам целта за која се ангажирав во СДСМ да биде злоупотребена, да ме злоупотребуваат мене или гласачите што гласале за СДСМ,“ - крај на цитатот.

Не станува збор за јазична дискриминација на националните малцинства, туку за ефикасна работа на државната и јавната администрација во сервисирањето на правата и слободите, на барањата на граѓаните! Двојазичноста е антидржавна проекција со епилог етничко чистење и територијална дезинтеграција!

За ветувањата на Зоран Заев потребни се две третини од вкупниот број пратеници во Собранието на Република Македонија, кои СДСМ ги нема, ниту за таа цел ќе ги добие... Толку за манипулациите со двојазичноста на Заев!

И покрај се’ и после се’, независно од владината коалиција, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, мора да демонстрираат единство кон државните и националните интереси, мора да ја отфрлат т.н. “албанска платформа“ како неприфатлив ултимативен памфлет и ништо повеќе од тоа! За македонско-албанските билатерални односи мора да се решава врз принципите на еднаква сувереност, реципроцитет и немешање во внатрешните работи - што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија!

Да се потсетимe на легендата за Вавилонската кула. Според Библијата, по Потопот имало еден народ кој зборувал еден јазик. Тој народ почнал да ја гради Вавилонската кула, високо до небото, сакале да стигнат до Бога. Но, кога Бог тоа го видел, за да не стигнат до Него, им го измешал јазикот на луѓето, и тие престанале да ја градат, не можеле меѓусебе да се разберат.

Така и со државата. Кога ќе се измешаат јазиците во државната администрација, ќе престане да постои државата.

Македонија не е Вавилонска кула и никогаш тоа нема да биде!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.