Сабота, 18 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
Тој што ветар сее, бура ќе жнее

is

ЈАЗИЧНИТЕ ЕГЗИБИЦИИ ГИ ЗАГРОЗУВААТ ТЕМЕЛИТЕ НА ДРЖАВНОСТА

Тој што ветар сее, бура ќе жнее. Пандорината јазична кутија на Зоран Заев, конечно е отворена. Го проблематизира Охридскиот рамковен договор и побара негово проширување, одговорот го доби веднаш!

ДУИ, ДПА, Алијансата за Албанците и БЕСА со асистенција на албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, ја испорачаа таканаречената “албанска платформа“ како ултиматум за владина коалиција после вонредните парламентарни избори од 11 и 25 декември 2016 година. Поради анимозитет меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ДУИ е децидна дека нема да коалицира со никој, а Македонија нема да добие Влада, се’ додека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не ја прифатат “албанската платформа“ во целина!

Штета што претседателот на Републиката направи импровизација, надвор од роковите утврдени со членот 90 од Уставот за изборот на Влада, ги поттикна партиите на парламентарно мнозинство без рок до кога тоа треба да се случи.

Откако кандидатот за мандатар на ВМРО-ДПМНЕ го врати мандатот за состав на Влада, СДСМ изрази подготвеност да ги прифати барањата на ДУИ и започна преговори за договор за владина коалиција. Ја убедуваа јавноста дека двојазичноста е “лага“, но демантот за “лагата“ стигна токму од ДУИ!

Портпаролот на ДУИ, Артан Груби, на партиската прес-конференција одржана на 26 декември 2016 година беше повеќе од јасен: “Двојазичноста е приоритет во партиската платформа на Демократската унија за интеграција, тоа значи двојазичност на целата територија! Граѓаните со албанска националност да можат во сите институции да го применуваат албанскиот јазик!“ (http://24vesti.mk/grubi-tie-shto-ne-go-znaat-albanskiot-jazik-da-go-nauchat?quicktabs_popularna_sodrzina=1)

На новинарското прашање како би се спровела двојазичноста, на истата прес-конференција, Артан Груби додаде:

“Тоа значи, тие што не го разбираат јазикот, како вие, во овој случај, треба да го научат. Неподготвеноста на СДСМ, претходно и на ВМРО денес да го почитуваат Уставот и да го почитуваат Законот во однос на постигнување на еднаквост за употребата на албанскиот јазик, не донесе во ситуација каде што мора да усвоиме сеопфатен “лекс генералис“ што ќе ги регулира сите отворени прашања“.

ДУИ со програмата предвиде донесување на Закон за формирање на институција која ќе ја штити употребата на албанскиот јазик.

Борјан Јовановски, пак, на 16 февруари 2017 година појаsни: “Албанскиот јазик треба да е задолжителен во сите основни училишта за Македонците... тоа е дебатата која треба да се води!“ (https://mobile.twitter.com/BorjanJovanovsk/status/832342369362141185)

Наместо принципот на еднаква сувереност во односите со Албанија, што подразбира немешање во внатрешните работи на суверените држави и принцип на реципроцитет - што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија, Македонија е уценета да го воведе албанскиот јазик на целата територија, спротивно на Уставот и да обезбеди негово задолжително изучување во сите основни училишта за Македонците... Тешко дека тоа ќе се оствари поради потребата од дво-третинско мнозинство во Собранието за промена на членот 7 од Уставот што ја уредува службеноста на јазикот, ама етничките тензии се поткренати и само Господ знае што понатаму ќе биде...

Во страста за власт и сласта за моќ и пари, треба да се има достоинство, човек да биде достоен да владее со државата и нацијата! Но, Голем Е Господ...

Македонија не смее да вплови во јазична авантура со ризичен епилог, претендентите за власта треба да знаат кон што ја води државата и нацијата, нивниот волунтаризам и егзибиционизам...

Пишува Тодор ПЕТРОВ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.