Понеделник, 26 Февруари 2024    PDF Печати Е-пошта
Дваесет години од авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски

1boris9

На денешен ден пред дваесет годин, Претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар.

Истрагата што ја водеа надлежните македонски и босански органи покажа дека причина за уривањето се пропусти на екипажот направени во процедурата за приоѓање на аеродромот Мостар во услови на сложена 

Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Димка Илкова Бошковиќ беше прв советник на претседателот, родена 1954- тата година во кочанско. Мажена, мајка на две деца. На функцијата советник во претседателскиот кабинет е именувана 2000 година.

Ристо Блажевски, советник на претседателот Трајковски, 66 години, оженет, татко на две деца. Со долга дипломатска кариера надвор од земјава. Се смета за еден од основачите на македонската дипломатија.

Анита Блажевска била дел од тимот на претседателот советник во претседателскиот кабинет, 35 години, мажена.

Миле Крстевски, раководител на секторот во Министерството за надворешни работи. Роден 1954 во Крива Паланка. Оженет, татко на едно дете. 12 години работел во Министерството за надворешни работи на повеќе раководни функции. Како дел од тимот во авионот кој се урна беа и двајцата членови на обезбедувањето на претседателот.

Борис Велинов, роден 1961-та година, во Босилеград, на функција инспектор за придружено обезбедување. Оженет татко на две деца. И вториот член на обезбедувањето.

Аце Божиновски го загуби животот. Роден 1971-та во Скопје. женет татко на две деца. И тој вработен во МВР како инспектор за придружено обезбедување.

Авионот „Кингер“ го управувале пилотите :

Марко Марковски, 57 години, оженет татко на две полнолетни деца.
Бранко Ивановски, 36 години, оженет татко на две деца. И двајцата пилоти работеле за владината служба за општи и заеднички работи.


Борис Трајковски (1956-2004)

Борис Трајковски е роден во Струмица на 25 јуни 1956 година. Беше втор претседател на Република Македонија во периодот од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година.

Трајковски дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализира деловно право и право на работни односи.

Од 21 декември 1998 година ја извршуваше функцијата заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во Владата предводена од Љубчо Георгиевски. Трајковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно - политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на партијата, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија и на меѓународната конференција „Решавање на конфликти“ со седиште во Атланта, САД. Бил претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години.

За претседател на Република Македонија беше избран во 1999 година. Должноста шеф на државата ја извршуваше до 26 февруари 2004 година кога загина во авионска несреќа во близина на Мостар.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.