|
||||
Големи протести на Македонците во Македонија,Европа, Америка, Австралија,Канада,Нов Зеланд |
Големи собири на Македонците во Канбера, Сиднеј, Скопје и дуги градови во Австралија, Америка, Канада, Нов Зеланд и Европа под мотото „Ние сме Македонија“ Мирните протести се организираат во одбрана на нашите човекови права и за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и државност. Распоред на одржување на протестите: Недела, 18ти февруари 2018г. КАМБЕРА, Масовен народен собир, пред Амбасадата на Р. Македонија во Канбера, со почеток во 12 часот. Вторник, 27ми февруар 2018г. во 18 часот-СКОПЈЕ, Масовен протест пред Мисијата на Европската Унија до Собрание на Р. Македонија. Недела, на 4ти март 2018г.. СИДНЕЈ, Масовен протест во центарот на Сиднеј, под Мотото „Ние сме Македонија“. Исто така најавени се повеќе протести низ Австралија, Америка, Канада, Нов Зеланд и Европа, во знак на солидарност и македонско национално единство. Овие семакедонски народни собири под мотото „НИЕ сме Македонија“, се во знак на солидарност со нашите браќа и сестри во Македонија, како и да го искажеме нашиот револт за незаконските преговори за нашето уставно име, Република Македонија, како, и тоа дека сме против нападите врз нашиот идентитет, јазик и нашата богата македонска култура и историја. Се покануваат сите македонски друштва и организаци и поединци - патриоти, во што поголем број, да присуствуваат на овие протестни собири. Сите луѓе кои што имаат крв македонска, заедно со сите оние што ја сакаат Македонија, треба да бидат на овие протести и да станат дел од оваа глобална иницијатива во одбрана на нашите човекови права, на нашето македонско име, нашиот македонски идентитет и јазик. Од работната група „Ние сме Македонија“ |