Вторник, 13 Февруари 2018    PDF Печати Е-пошта
Македонија се буди

MickoskiОна што Зоран Заев го нарекува “одлична надворешна политика”, за граѓаните и за нашата држава преставува распродажба на националните и државни интереси.

Не е поентата да се биде актуелен во регионот по тоа што се попуштило, или отстапило, туку суштината е да се биде актуелен во сопствената земја застапувајќи ги државните и национални интереси. А во изминатот период владата стана актуелна по попуштањето, но не и по одбраната на интересите, па се изроди закон за јазици кој е неуставен и хаотично однесување без концепт во поглед на спорот со јужниот сосед.

Народот вели ако се среди сопствениот двор, тогаш може да се збори и за соседниот. А сликата за Македонија е далеку од розова. И она што премиерот вели дека е “свесен за некои пропусти во домашната политика” за граѓаните е хроничен хаос во секое поле и област што е директна последица на неспособноста да се менаџира со домашната економија, да се креираат реформи и унапредат состојбите, но и неспособност да се реализира ветеното.

Ќе потсетам дека оваа влада велеше дека има темелна анализа за состојбите и пред да дојде ветуваше живот, но тој никако да стигне.

Имаме африканизација и уназадување на Македонија во однос на сите критериуми, не само во поглед на демократијата и усовршениот политички терор на власта, туку и во здравството, образованието, науката, студентскиот стандард и младите, земјоделието, економијата.

Опасното е тоа што принципите на работа на Заев во Струмица стануваат и принципи на работа во цела Македонија, тоа што во државата се случуваат десетици случаи на “Цареви Кули, Глобал, фамилијарни или пријателски тендери, 200.000€ по принципот евро за евро, живи луѓе ќе јадеме и сл..” и тоа не е нешто за фалење.

Граѓаните се повеќе сфаќаат колку е сериозна ситуацијата и колку многу се пропушта да се направи. Зборот никако да се преточи во дело. Македонија се буди и многу скоро ќе каже стоп за овие погубни политики на владата.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.