Среда, 21 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Не се работи само за „државно име", туку се работи и за националниот идентитет

ourname 720Покрај човековите колективни права, постојат и следните категорији-области права: 1. Права на ДРЖАВИ; 2. Права на земји КАНДАДИАТИ за ЧЛЕНСТВОТО во ООН; 3. ПРАВА НА ДРЖАВА ЧЛЕНКА на ООН.

Токму за овие последните три категории права станува збор.

Од почеток на проблемот со името во ООН 1993. г., политички тела на ООН не разбрале дека не се  работи само за „државно име", туку се работи и за националниот идентитет, негирање на секој елемент на нашата нација, јазикот и култура.

Сега се бара да потпишеме во спогодбата / компромис со Грција дека НЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ и ДЕКА НАШАТА НАЦИЈА НЕПОСТОЈИ! Ова димензија на ИМЕТО никогаш не беше објаснета во ООН и државите членки на ООН не се свесни дека со проблематизирање на ИМЕТО се доведува во прашање националниот идентитет и култура на цел еден народ! Никаква Резолуција на Советот за Безбедност или на Генералнo собрание на ООН не може да инсталира механзам за БРИШЕЊЕ на ИДЕНТИТЕТОТ на еден народ и една држава!
При приемот на наша земја во ООН е направен ULTRA VIRES акт, односно државата е примена со дополнителни НЕЛЕГАЛНИ услови надвор од пропишаните во член 4 од Повелбата на ОН.
Овие услови се: 1 Обврска за носење деноминацијата Бивша Југословенска Република Македонија; 2 Преговорите за името (сопстен правен идентитет) со друга држава.
Според судскиот став на Меѓународен суд од 1948. г ваквите услови кои во време трансцедираат свршени услови за прием во ООН се НЕЛЕГАЛНИ.
Според Судот (МСП) услови, посебни за македонскиот прием, се противни на Поевелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ), односно според Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда (од Хаг) од 1948 година, е искажан ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можаат да бидат поставувани на кандидатот за прием. Ова Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948, како толкување на член 4 на Повелбата.

По откривањето на кршење на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија со нелеганите дополнителни услови, јас сум предложил стратегија за решавање на проблемот со името во ООН, која имала два модалитета. Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политичкиот приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поагајки од Советодавното мислење на Мегународниот суд од 1948, и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став дека општите услови за прием се исполнети, треба да побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија. Имено, прифакајки ги ставовите на Мегународниот суд од 1948, со простото мнозинство од присутните и кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948.), јас покажав дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајки ја референцата односно деноминацијата "the former Yugoslav Republic of Macedonia ").

Вториот модел е правната варијанта во која предлагам еден мегу чекор, а тој е поставување прашање од ГСОН до Мегународниот суд за правда, слично како 1947, за тоа дали се специфични услови за прием на Македонија во ОН дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата. По добивање на Советодавното мислење на Мегународниот суд дека условите се дополнителни односно дека референцата "the former Yugoslav Republic of Macedonia ", и преговорите за името се нелегани, при прифакањето на таквото мислње од Генералното Собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со резолуцијатата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија).

Да потсетам, државите, според мегународното право, немаат ексклузивни права на државните имиња. Избор на државното уставно име е во строгата внатрешна јуридикција на секоја држава. Секоја држава, според мегународното право, има полна правна слобода при изборот на своето државно име. Името на држава е неотугиво и суверено право. Што се однесува до толкувањето на историјата, ниту една држава нема монопол при интерпретацијата на историиските факти и движења. Државното име, како такво, не влиае на историската интерпретација.
Грчкото обвинение, дека името е поврзано со иредентизмот и територијалните аспирации, исто така е неосновано според мегународното право. Во мегународнто право познато е дека менувањето на државните имиња не влиае врз територијалните права на својата држава, како ни врз територијалните обврски на другите држави. Оттаму и ова обвинение на Грција за загрозувањето на некое нивно право или за територијално загрозување нема никаква правна основа. Промена на државното име, како и други државни симболи кои се во строгата внатрешна надлежност секоја држава, според мегународното право, неможе да биде толкувано како иредентизам или територијани аспирации.

Проблемот не е БЕЗБЕДНОСЕН, како што лаички се мисли во Македонија, бидејки за безбедносни прашања Генесек редовно поднесува извешати до ООН. Сега ако ги прекинеме преговори за името, Нимиц може само да поднесе извештај до Генесек, а овој може а и немора да се пожали до Советот за безбедност. Но Советот за безбедност неможе донесе каква било резолуција со која би оневозможил акција во Генералното собрание на ООН или Мегинародниот суд за правдa.Советот при овој процес не може да донесе обврзувачка резолуција.
Општото правило дека една безбедносната резолуција при нејзино „поништување“ или тнр. „дерогирање“ мора да биде заменета со другата безбедносната резолуција (пр. Рез. 817 со некоја друга) не важи за приемните резолуции на Советот за безбедност во ООН, посебно ако не се спомнува Глава VII од Повелбата или повикување на мерки воведени со „цел зачувување на мирот и безбеност”, а ово не е случај ниту со Резолуцијата 817, ниту со Резолуцијата 845 на Советот. Овие две резолуции не се „безбедносни“ акти и проблемот не е „заклучан“ во Советот за безбедност.
(Доколку пример Резолуцијата на Советот беше од „безбедносен“ карактер Македонија не би ни можела да се зачлени во ООН. Ова важи и за секоја држава која аплицира за членстово во ООН односно Приемните резолуции не смеаат да содржат безбедносните елементи или да имаат „безбедносен“ карактер. Односно Македонија ниту, имала, ниту има активен спор со ниту една држава членка на ООН).
Битно е да се знае дека правен принцип на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ (JUS COGENS), не се однесува само на народи и не е само колективното право, туку ДРЖАВНО ПРАВО те. меѓународно право на државата. (Покрај човековите колективни права, постојат и следните категорији-области права: 1. Права на ДРЖАВИ; 2. Права на земји КАНДАДИАТИ за ЧЛЕНСТВОТО во ООН; 3. ПРАВА НА ДРЖАВА ЧЛЕНКА на ООН. Токму за овие последните три категории права станува збор.).

Проф. Др. Игор Јанев

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.