|
||||
„Речникот од три јазика - Треба да имајед цар и управљеније царско!“ |
„Народ се вељид људи који се од еден род и кои зборувајед еднаков збор, и који живунајед и се другарад еден со други, и који имајед једнакви обичаји и песни и весеља; тије људите ји викајед народ, а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ. Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија.“ – пишува Ѓорѓи Пулевски во својот „Речникот од три јазика" од 1875 година. Во XIX век, во време кога се формираат нациитеи кога популарноста на Александар Македонски е огромна на Балканот, интересно е што никој од балканските земји не се поистоветуваа со Македонците. Со името на еден од најславните антички народи, кој прв имал своја држава, не се поистоветуваат и не се нарекуваат ни Бугарите, ни Србите, ни Албанците, ниту пак Грците. Тие во ова време во голема мера ги употребуваат своите национални имиња. Единствено кои го прифатија и го користат името прославеното македонско име беа Славјаните кои живееле на територијата на Македонија. Тие, многу порано и од појавата на романите за Александар, го сметале него и Филип за свои владатели. За тоа ни говори и баронот Тот, кој кон крајот на XVIII век раководел со работите на источната страна на Дарданелите и кој една недела слушал во крчмата некои работници Македонци, кои работат на истото градилише, како пеат песна за Александар Македонски. Мора да се напомене дека основа за теоријата дека македонските и воопшто балканските Славјани уште од антички времиња го населувале Балканскиот Полуостров ја дал Херодот кој во својата „Историја“, том I, покрај другите антички народи на овој простор ги наведува уште и Хенетите, Венетите и Вендите. Тоа се стари имиња за Славјаните. Оттука, многумина историчари веруваат дека не само старите Тракијци, туку и античките Македонци биле Славјани, а со тоа Филип и Александар Македонски. Многумина историчари, повикувајќи се на Херодот, прататковината на Славјаните ја бараат на Балканскиот Полуостров. Во тој контекст, интересна е забелешката на чешкиот историчар и универзитетски професор Константин Јиричек (Виена, 24. VII 1854 – Виена, 10. I 1918), кој својот живот го посветил на изучување на малку познатата историја на балканските држави и народи. Тој во својата „Историја Срба“ (Белград, 1952 г., стр. 105) пишува дека руските, полските и чеките хроничари меѓу 1000 и 1500 година од нашата ера, ја барале прататковината на Славјаните не во Русија, туку на југ, на Дунав и во Балканските земји. Во XIX век, прифаќајќи го како свој славјански предок, романите за Александар Македонски станува многу популарни меѓу Славјаните на Балканот. Тие биле буквално распродадени. Многу печатени книги за Александар Македонски биле присутни и во Македонија. Тоа може да се види и од претплатниците на одделни изданија. Така само за изданието на книгата „Историја на великиот Александар Македонец“ од Христо Протопоповиќ објавена во Белград во 1844 година, само од Македонија имало 21 претплатник, покрај претплатниците од Србија. Македонскиот револуционер и автор на повеќе трудови Ѓорѓи Пулевски (1838-1894/95?) јасно и најопределено во своите дела објавува за свеста на македонскиот народ за своето потекло. Тој во своите дела говори за историјата на својот македонски народ, за потребата да се создаде македонски литературен јазик и за потребата на Македонците повторно “да имајед цар и управљеније царско“. Пулевски е автор на „Славјанскомакедонска општа историја", како и на „Речникот од три јазика" од 1875 година кој претставува разговорник на македонски, албански и турски јазик. (Речник од три језика. С македонски, арбански и турски. Књига II. Написао Ѓорѓе М. Пуљевски. У Београд, 1875, стр. 40, 49.) Овде ќе презентираме изводи од оргиналот, во кој е поправена интерпункцијата, разврзани се заедно отпечатените одделни зборови и се поправени очевидните печатни грешки. Во овој извод во кој се испуштени албанската и турската паралела, авторот шишува: „ С македонски Пи. А славјанскијод јазик аљи је секаде еднаков, иљи не, кажи ми со ред? Од. Славјанскијод јазик имад пет разљики. Пи. Који се тије разљики, кажи ми со ред? Од. Тије се руски, хрватски, бошњачки, бугарски и македонски. Пи. Који јазици се наљик еден со другијод од напред речените? Од. Рускијод и бугарскијод наибљизу се. А хрватскиод и бошњјачијод и македонскиод наибљизу се. Пи. А македонскијод јазик, кога је бљизу со бошњачкијод, зашто се именувад с. македонски? - Дека с македонскијод јазик је најсроден со церквенославјанските књиги, и тои је старославјенски. II. Одг. Народ се вељид људи који се од еден род и кои зборувајед еднаков збор, и који живунајед и се другарад еден со други, и који имајед једнакви обичаји и песни и весеља; тије људите ји викајед народ, а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ. Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија. Пи. Што требувад за да се управувад и да се крепид еден народ.2 Од. Треба да имајед цар и управљеније царско.“ Овие дела каде Ѓорѓи Пулевски отворено се говори дека Македонците се народ и дека нивното место е Македонија, не му одговораа ниту на балканските народи, ниту на светските сили. Поради своите аспирации кон македонската територија, делата на Ѓорѓи Пулевски биле премолчувани од балканските националисти, како што се премолчувала и македонската историја. (извор: Д. Ташковски, „Раѓање на Македонската нација“, Скопје 1966, стр175 – 180; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава, Скопје, 1981, стр.270 - 271 ) Македонска нација |