Петок, 20 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
ЕУ интеграција единствено под услов на уставно име и национален идентитет

OMD

ОМД: ЕУ интеграција единствено под услов на уставно име и национален идентитет

По повод извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија во 2017 година, како и политичката ситуација во татковината, ОМД како водачка организација на Македонците во светот го изјавува следново:

Овогодишниот извештај на Европската Комисија, во аспект на пристапот, препораките и оценките, е всушност продолжение на досегашната пракса, почнувајќи со првиот извештај во далечната 2009 година кога за првпат ЕУ даде препорака за започнување на пристапни преговори на Македонија со ЕУ.

Од потпишувањето на договорот за стабилизација и асоцијација во 2001 година изминаа 17 години, а Република Македонија скоро секоја година добива позитивни сигнали и препораки (од 2009 година), освен две условни препораки, проследени со вето од страна на Европскиот Совет, како политичка структура на Европската Унија која сите овие години е во заложништво на својата членка Грција.

ЕУ, како соучесник во не-транспарентните и не-демократски избрзани решенија од типот на Охридскиот и неколкуте Пржински Договори, па се до неуспешната иницијатива Жан Моне, ја дели одговорноста за моменталната ситуација во Република Македонија.

Во 2017 година, пост-изборна политичка платформа на партии на албанското малцинство, која директно задира во уставноста на државата и која не се базира на граѓански туку на екслузивен етнички концепт, сериозно ги нарушија меѓуетничките и мултикултурни односи, доверба и соживот во државата. Во меѓувреме, и самата платформа претставува обид за дискриминација и за асимилација на другите етнички малцинства. Преку Законот за Јазици како една од приоритетните точки од оваа декарација, со своето контраверзно и неделовничко парламентарно гласање, покрај уставноста, се загрози и унитарноста на државата.

ЕУ со своето премолчување на начинот и процедурата за усвојување на Законот, (со должна почит кон Францускиот Амбасадор Н.Е. Кристијан Тимоние), со отсуството на осуда за одбегнување на политичка дебата и иземеност на значајни инситиуции и интелектуалци, експерти по овие прашања, во кој случај постапката за барање на оцена од Венецијанската Комиција при Советот на Европа за уставноста на Законот, беше заменета со злоупотреба на Европското знаменце на кој начин Законот стана предмет на гласање со просто наместо со дво-третинско мнозинство, всушност ги прекрши своите демократски вредности кои нејзините земји членки ги уживаат. Согласно, извештајот на Прибе и Копенхашките критериуми немаат никаква допирна точка со оваа декларација. Со таа анемичност и во отсутво на соодветна реакција и осуда, всушност и самата ЕУ директно допринесува за нестабилноста и меѓуетничките тензии во Република Македонија.

Во средината на 2017 година, Бугарија, користејќи ја својата позиција, земја членка на ЕУ, потпиша договор со Република Македонија, преку кој всушност се прави обид за бришење на Македонскиот јазик, наведувајќи го како Уставниот Јазик во Република Македонија, обид за кршење на основното европско универзално право и вредност – грижата на Македонија за своето национално малцинство во Бугарија и обид за менување на засебната историја на Македонскиот Народ. И овде се прашуваме според која препорака на Прибе и кој Копенхашки критериум се базира оваа неправда над Македонската држава и народ. Дали тоа е европска вредност која Македонија треба реципроцитетно да ја примени кон одредени соседни држави?

Во 2017, земја членка на ЕУ, која со години не го почитува меѓународното право за имплеметација на Привремената Спогодба од 1995 година, земја против која има и пресуда од Меѓународниот суд за правда за непочитување на спогодбата, земја која во целост ги крши основните универзални права за самоопределување на Македонскиот народ, права кои се запишани во Повелбата на Обединетите Нации, но и со непочитување на обврските како земја потписник на Хелсиншката декларација на ОБСЕ од 1974 година, денешна Грција под покровителство на ЕУ, наметнува директни преговори за името, во кои всушност се вметнати меѓу другите точки и и идентитетот, јазикот и историјата на Македонскиот народ. Со овој чин ЕУ преку толерирањето на Грција, нејзина земја членка, всушност прави обид за негирање на препораката на Советот за Безбедност на ОН и одлуката на Генералното Собрание на ОН од 1993 година за примање на Република Македонија во ОН. Неодговорните изјави на високи функционери на ЕУ за итноста на решавање на повеќедеценисиот спор, без да се води грижа за рамките во кои се водат разговорите, како и поттикување на решение за кое нема национален консензус во државата, всушност допринесуваат за одолговлекување на решение на Македонското прашање кое е од витално значење не само за Македонија туку и за целиот Балкански полуостров.

Сите горенеаведени факти ќе останат запишани во историјата на ЕУ, добитник на Нобелова награда за Мир во 2012, како бескуполозен обид за срамно решавање на Македонското прашање кој не се базира на европските вредности за кои ЕУ се залага на глобално ниво.

Крајно време е ЕУ да му се оддолжи на Македонскиот Народ кој опстојува и ќе опстои на територијата на географскиот регион Македонија и да му овозможи целосно уживање на основните човекови права.

Крајно време е ЕУ во вистински смисол на зборот во име на демократските вредности на кои се засновува Унијата, да и помогне на Република Македонија да го зајакне својот демократски капацитет преку изградба на независни и функционални институции

-Почитување на Уставот, Законите и знамето на Република Македонија

-демократско и функционално Собрание, со легитимен и демократски изабран Претседател, одговорно пред своите гласачи, а не пред партиите на кои припаѓаат, пратеници кои ќе гласаат според свој а не партиски став, и кои ќе бидат вистински коректор на Владата на Република Македонија,

-целосно одговорна, транспарентна, демократска, и функционална Влада која ќе работи врз база на предизборна програма во интерес на граѓаните на државата, а не во интерес на партиски коалициски договори,

-силни независни судски институции кои ќе работат исклучиво според законот, ќе почитуваат презумпција на невиност, минимална употреба на притвор и кои неселективно ќе процесираат во најкус можен рок без одложување процеси и итно судско решавање на процеси кои со години се одолговлекуваат а засегаат политичари и останати влијателни личности од 1991 а до денес.

-силно граѓанско невладино општество кое ќе биде вистински а не провизорен коректор на власта

-професионални, објективни и независни од политичко влијание медиуми

-намалена јавна администрација, и други општествени институции од витален карактер за функционирање на државен апарат, на граѓански концепт, а не на база на етнички договори, со компетентна, професионална и брза услуга за граѓаните

-функционални статистички институции вклучувајќи и редовен попис

-високопрофесионална дипломатска мрежа

-ефикасна борба против корупција и криминал

Потфрлувањето во исполнување на овие горенаведени фактори е пораз за демократијата и има елементи за сериозно кршење на Уставот на Републиката.

ЕУ има морална, и вредносна обврска да и помогне на Македонија, исклучиво врз вредностите на солидарност на кои што се заснова и се залага на глобално ниво. Со тоа, не само што и помага на Македонија, туку си помага и самата себеси.

Во спротивно ќе се вовлече во нешто во кое и самата ќе си го доведе во прашање своето опстојување.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.