|
||||
Принцип EX INJURIA JUS NON ORITUR |
Проф.др Игор Јанев Прифаќањето на наметнатите услови за прием во ОН од страна на Република Македонија не ги легализира нелегалната постапка за прием и нелегалните обврски. а) го прифати привременото име ("реферирање") ПЈРМ за користење во системот на ОН и б) да преговара со Грција околу своето име. (Вториот услов е даден во имплицитна форма: референцата ПЈРМ ќе се користи "се додека не се разреши разликата која се појави околу името", но во резолуцијата на Советот за безбедност 817 (1993), со која приемот се препорачува, тој има и експлицитен вид). Прифаќањето на оваа резолуција од страна на Македонија имплицира дека таа го прифаќа и "реферирањето" ПЈРМ во ОН и обврската да преговара околу своето име со Грција. Од друга страна, во нотата на тогашниот Претседател на Владата на Република Македонија од 24 март 1993 година до Претседателот на Советот за безбедност, во врска со Нацртот на резолуцијата 817 (1993) на Советот, се нагласува дека "Република Македонија ни под кои услови не е спремна да го прифати ПЈРМ како име за земјата". Во истата нота исто така се изразува и "разочарување" што Советот за безбедност не ја следел стандардната форма на резолуциите за прием на нови членки во ОН. Овој протест на македонската влада во врска со текстот на препорачувачката резолуција на Советот за безбедност, меѓутоа, е наполно игнориран во дефинитивните текстови на резолуциите 817 (1993) на Советот за безбедност, а и во рез. 47/225 (1993) на Генералното Собрание. Произлегува дека условите а) и б) при приемот на Македонија и се наметнати. (Дали при овие околности македонската влада би требала да ја повлече својата апликација за членство во ОН е политичко прашаше.) Нас овде не интересираат правната валидност и правните последици на прифаќањето на резолуцијата 47/225 (1993) со наметнатите обврски за Македонија. Посебно, дали прифаќаwето на условите а) и б) може да биде препрека за превземање чекори кај ОН за испитување на нивната законитост, односно нивната согласност со одредбите на Повелбата на ОН. Како што покажува правната анализа на резолуциите 817 (1993) на Советот за безбедност и 47/225 (1993) на Генералното Собрание на ОН, поставувањето на условите а) и б) на Македонија при нејзиниот прием во ОН претставува грубо кршење на Повелбата на ОН. Бидејќи со аргументите и резултатите на таа анализа нашата (па и светската научна) јавност е веќе запознаена, овде, заради дефинираwе на контекстот, ќе ги споменеме само најважните заклучоци на анализата. Приемот на државата во членство на ОН е регулирано со членот 4 на Повелбата, чиј прв став ги пропишува условите за прием. Према советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година, прифатено и од Генералното Собрание на ОН (со резолуцијата 197/III (1948)), тие пропишани услови се егзостивни (потребни и доволни) и неможат да се прошируваат со дополнителни услови. Членка на ОН, која во Советот за безбедност или Генералното Собрание гласа за прием во членство во ОН на некоја држава, "правно не е овластена да ја даде својата согласност за прием во зависност од услови кои не се изрично предвидени во ставот 1 од речениот член (4)", се вели во споменатото судско мислење што е потврдено со резолуцијата 197/III (1948) на Генералното Собрание. Македонија во ОН, кои ги содржат дополнителните услови, очигледно претставува пречекоруваwе на овластувањата на овие органи. Вклучувањето на овие услови во резолуциите за препорака и одлучување за приемот, поред оние од членот 4 за кои се тврди дека Македонија ги исполнила, доведува до ad hoc воведуваwе во системот на ОН нова институција на "условен прием", што не е предвидено со Повелбата, или со било кој друг документ на ОН. Имено, дополнителните услови поставени на Македонија при приемот не се услови што таа треба да ги исполни пред влегување во членството, туку обврски што таа треба да ги прифати како членка (ако сака да постане членка). Ова укажува дека дополнителните услови поставени на Македонија немаат правна, туку чисто политичка природа. Поставањето на (и гласањето за) дополнителните услови во соответните резолуции за препорака и прием на Република Македонија во членство на ОН, према тоа, претставува грубо кршење на членот 4 од Повелбата и одземање на правото на кандидатот на прием во членство, кога ги исполнува пропишаните (во членот 4 на Повелбата) критериуми за прием. Принципите на ОН внесени во членот 2 на Повелбата представуваат првни норми кои ги обврзуваат како ~ленките, така и Организацијата на ОН, како меѓународен правен субјект. Нивното прекршување повлекува правна одговорност. Како и повредата на член 4, став 1, повредите на став 1 (суверена еднаквост на државите - членки) и став 7 (немешање во внатрешната јурисдикција) од членот 2 на Повелбата представуваат акти на пречекорување на овластуваwата на Организацијата (ultra vires акти). Да се вратиме кон прашањето поставено во почетокот: дали прифаќањето од страна на Македонија на резолуцијата со која е примена во членство во ОН, заедно со дополнителните обврски за Македонија кои таа резолуција ги содржи, ги отстранува повредите на членовите 4 (став 1) и 2 (ставови 1 и 7) на Повелбата направени со таа резолуција? Одговорот е очигледно негативен. Членот 4 е правна норма и нејзината содржина и дејство не можат да зависат од "договорот" меѓу апликантот и Организацијата за нивно менување. Безправниот карактер на дополнителните услови а) и б) за прием на Македонија во членство на ОН произлегува од самиот карактер на таа норма (да ги фиксира условите за прием) и од фактот што дополнителните услови го трансцендираат чинот на приемот и, према тоа, немаат правна природа. Согласно со принципот во меѓународното право ex injuris jus non oritur (од безправие не може да произлезе право), прифаќањето на незаконски поставените услови нема правна релевантност, т.е. не може да ги легализира таквите услови. Согласноста на апликантот да ги исполнува обврските сврзани со дополнителните услови за прием не ја ослободува Организацијата од одговорноста за пречекоруваwе на своите овластувања и за повредите на членовите 4 (став 1) и 2 (ставови 1 и 7) на Повелбата. Правните норми на Повелбата имаат функција да воспостават одредени права и обврски за државите - членки и Организацијата кон кои тие треба да се придржуваат. Членот 4, став 1, на пример, го заштитува правото на државата да биде примена во членство кога ги исполнува пропишаните (во тој член) услови. Проширување на овие услови од страна на Организацијата представува повреда на оваа норма, па дури и ако апликантот се огласил со таквото проширување. Правниот принцип ex injuria jus non oritur важи и во домашната јурисдикција. Ако е, на пример, законски пропишана минималната цена на работниот час, а работникот, заради нужда, се согласил да работи и за пониска цена, тоа не го ослободува работодавачот од одговорноста пред законот за понудената (односно платената) пониска цена на работниот час. Во прашањата сврзани со приемот, суспензијата или исклучувањето од членство, Организацијата и државата - членка(односно апликант) се појавуваат како меѓународни правни субјекти, и тоа во однос кој има контрактуални карактеристики. Како што е познато од договорното право, согласноста дадена за контрактуалниот однос престанува да биде валидна ако таа е дадена под притисок, на измама, во заблуда, по грешка или со кршеше на правилата на меѓународното право и посебно, неговите jus cogens норми (како што се правната еднаквост, самоопределувањето, недискриминацијата и сл.). Во случајот на приемот на Република Македонија во ОН, прифаќањето на дополнителните услови за прим можел да биде резултат на возможни притисоци од разен вид, заблуда за законитоста на предложените нацрт - резолуции за приемот и сл. Во секој случај, контрактуалниот однос (приемот) е воспоставен со нарушување на принципот на самоодредуваwе на легалниот идентитет и со воспоставуваwе на дискриминиран членски статус (правна нееднаквост) на Република Македонија, што укажува на правната невалидност на приемот (односно дефектност на резолуцијата 47/225 (1993)). |