|
||||
ДОКУМЕНТАРНАТА СЕРИЈА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ НАСКОРО И НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК |
ДОКУМЕНТАРНАТА СЕРИЈА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ НАСКОРОÂÂ И НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ПРЕД ТВ АУДИТОРИУМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Спорот што Република Македонија го има со Грција околу името на нашата држава и народ е од ИСТОРИСКИ КАРАКТЕР. Имињата „Македонија“ и „Македонци“ се антички имиња, па според тоа, Грците пред светот тврдат дека ние денешните Македонци немаме право да ги носиме овие антички имиња, затоа што во антиката Македонија и Македонците биле „грчки“. Меѓутоа, историската вистина е сосема поинаква! За жал, нашите досегашни влади не направија ниту отворен, ниту дискретен напор, историската вистина, според која Македонците во антиката не биле никакви „Грци“ да почне систематски да се шири пред светот. Во 2016 и 2017 година на Youtube е поставена документарната серија на англиски јазик под наслов “THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK” („АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“) од авторот Александар Донски (во продукција на австралиско-македонската продуцентска куќа LHЕG на продуцентот Џим Стефан и ко-продуцентите Горан Котев и Андрија Петревски, сите од Сиднеј), во која во четириесет епизоди се презентирани сведоштва од над ПЕДЕСЕТ антички автори кои сосема јасно пишувале дека античките Македонци не биле никакви „Грци“, туку посебен народ со свој јазик и култура. Сите епизоди од серијата (заедно со нивните текстови на англиски јазик) можете да ги погледнете на http://www.macedonianswerenotgreeks.com/ или да ги побарате директно на Youtube (преку впишување на насловот на серијата). Оваа серија веќе нанесува непоправлива штета на грчката пропаганда пред светот. Првата и ударна епизода досега има над 45.000 прегледи на Youtube, а оваа бројка секојдневно се зголемува. Во април 2018 година грчките шовинисти се обидоа да ја отстранат оваа епизода од You Tube, но по само еден ден, истата повторно беше вратена, а авторот Донски го искористи овој нивни неуспешен обид за уште поголемо рекламирање на серијата. Во серијата “THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK” („АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“) практично е претставена најголемата во светот збирка на антички сведоштва за посебноста на античките Македонци и разликите помеѓу нив и „Грците“. Поради фактот што оваа серија е снимена само на англиски јазик и истата е наменета за публиката од англиското говорно подрачје, како и за оние што добро го знаат англискиот јазик, под итно беше потребно, во овие мигови додека траат преговорите за името, истата да се преведе (титлува) и на македонски јазик со цел да се објави и пред јавноста во Република Македонија! Благодарение на МАКЕДОНСКАТА ГЛОБАЛНА КООРДИНАТИВНА МРЕЖА од Канада со основачот Боби (Боне) Темелков, пред извесно време обезбедени се средства за титлување, адаптација и техничко уредување на сите 40 епизоди од серијата на македонски јазик, а веќе е разговарано со позната национална ТВ во Македонија, која целосно ќе ја емитува серијата. На ваков начин, историските факти за посебноста на античките Македонци, ќе станат достапни до целата македонска јавност, а посебно на политичарите кои ќе можат да се стекнат со историски знаења (и тоа директно од антички извори) дека античките имиња Македонци и Македонија, кои ние денес ги носиме, никогаш во историјата не биле „грчки“, па затоа Грците немаат никакво историско право да бараат промена на нашето име! Во серијата, помеѓу другото, ќе бидат претставени бројни сведоштва од антички автори. Така, на пример, античкиот историчар Аријан (I и II век.) напишал дека (цитат): ...„старо РАСНО РИВАЛСТВО помеѓу Грците и Македонците“ владеело за време на Битката кај Ис во која над 30.000 Грци се бореле на страната на Персија против Македонската војска. Латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф, пак, напишал дека Македонците и Грците помеѓу себе комуницирале преку преведувачи, додека Демостен, Тразимах и Хесихиј ги опишале Македонците како „барбари“ (луѓе кои не зборуваат грчки). Античкиот историчар Јустин, пишувајќи за македонската окупација на грчките територии, констатирал (цитат): „Филип... ја наметна моќта на Македонија како ропски јарем околу вратот на Грција и Азија“. Павсанија (II век) напишал дека (цитат): „Сите Грци се плашеа од Македонците и од Антигон“... и уште многу други сведоштва од НАД ПЕДЕСЕТ антички автори. Некои од нив се: Arrian, Appian, Agrippa II, Dexippus, Demosthenes, Dicaearchus, Dionysus Caliphontes, Dionysus of Halicarnassus, Dio Chrysostomos, Diodor of Sicily, Dio Cassius, Eutropius, Eusebius of Caesarea, Aemilius Sura, Aechines, Isocrates, Zosimus, Isidore of Sevilla, Johanes Malalas, Josephus Flavius, Justin, Quintus Curtius Rufus, Herodotus, Pausanias, Polybius, Claudianus, Clement of Alexandria, Marcus, Velleius Paterculus, Cornelius Nepos, Praxagoras of Athens, Pseudo Scylax, Pseudo Scymnus и многу други. СЕТО ОВА НАСКОРО ПРЕД ТВ АУДИИТОРИМОТ ВО РЕПУБИКА МАКЕДОИЈА! Потоа серијата “АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ” титлувана на македонски ќе биде ставена и на Youtube и истата нашироко ќе биде промовирана. Александар ДОНСКИ |