|
||||
Република Македонија Ерга Омнес |
Република Македонија Ерга Омнес Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), во контекст на новонастаната загрижувачка ситуација во татковината предизвикана од крајно несериозното, не-државничко и деградирачко делување на претставниците на двете најголеми политички партии на Македонците во Република Македонија, по повод исходот од средбите во Њу Јорк и Брисел, и продолжување на преговорите на името, го изјавува следново: Со последниот предлог за промена на името за севкупна употреба вкучувајќи и промена на Уставот на Република Македонија, владата на Република Македонија изврши предавство на нацијата и се обидува сериозно да ја наруши независноста и суверенитетот на државата, ставајќи се во служба на силите кои вршат идентитетски, историски и културен геноцид на Македонскиот народ. Со аматеризам и полтронство, без трошка визија, самопочит и без никаква заложба за почитување на основните и универзални вредности за рамноправност, со дигнитет и меѓусебна почит, се прават обиди за уништување на вековниот идеал на Македонецот за сопствена држава создадена врз Крушевскиот Манифест и Асномската Декларација. Со своето полтронство и аматеризам, подпомогнати од невладини активисти со сомнителен кредибилитет, професионализам, етика и морал, финансирани од извори кои спроведуваат национални интереси на туѓи држави, сериозно ги загрозуваат угледот на Македонската држава, достоинство и иднина. Во овој момент, сите ние имаме историска одговорност, користејќи ги демократските средства, по мирен и разумен пат, по примерот на Ганди и Мендела и следејќи ги идеалите на Гоце Делчев, да го одбраниме тоа што е наше, за нас и нашите поколенија. Поради горенаведените причини, ОМД го повикува Македонецот без разлика на својата етничка, верска и идеолошка припадност и определба во Република Македонија и Дијаспората, на следниве чекори и активности:
Вистината, желбата, патриотизмот, разумот, активноста, исклучиво по мирен и демократски пат се единствениот можен излез од ситуацијата во која се наоѓа Македонија, поради што ОМД повикува на здружено делување, затоа што – за сите нас се работи. За Република Македонија. Обединети Можеме. |