Недела, 17 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Овој договор со ништо не ги обединува Македонците

mikoЏејсон Мико

„Од Република Северна Македонија“ не е придавкa

По 20 или 30 години Македонија ќе може да го поништи овој договор и никој нема да може да направи ништо во врска со тоа. Но, за тоа ќе биде потребно да имате соодветни лидери.

Како прво, честитки, уште еднаш, за македонскиот претседател Иванов, кој реши да не го потпишува договорот постигнат меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас. Иванов веќе доби закани од меѓународната заедница и ќе продолжи да ги добива и во иднина. Но, тоа е затоа што ја брани Македонија.

Да почнеме со малку хумор. Прашање: како ќе познаете дека Зоран Заев лаже? Одговор: по тоа што усните му се мрдаат. Заев рече дека сака да биде „креативен“ при постигнувањето на договорот. Но, ова што го видовме не е креативност. Ова е ужас. Сите што се согласуваат со него се морално лепрозни.

Договорот е објавен, и јас би сакал да посочам на неколку од најпроблематичните елови, пред да се осврнам на други прашања. Најголем дел од договорот е фокусиран на ограничувањето на правото на слободно изразување на граѓаните, приватните организации и државните/јавните тела и тоа на начин кој што е неприфатлив. Тука е членот 7 во кој се определува како граѓаните смеат, а како не смеат, да се нарекуваат себеси, своите деца, своите предци и генерациите кои допрва ќе се родат. Членот 7 (2) определува дека изразите „Македонија“ и „македонски“ „како термини ги определуваат не само областа и луѓето од северниот регион на Првата Страна (Грција) туку и нивните атрибути, како и елинистичката цивилизација, историја, култура и наследство од овој регион, од античко време до денешното доба“. Во однос на Македонија, членот 7 (3) вели дека „кога се зборува за Втората Страна, овие изрази ја определуваат нејзината територија, јазик, луѓе и нивните атрибути, со нивната историја, култура и наследство, кои јасно се разликуваат од тие кои се наведени во членот 7 (2)“.

Две поенти во врска со ова: нашите грчки пријатели се несигурни во својот идентитет и се параноични. Второ, никаков договор, закон, влада или сила на планетата земја не може да ги натера Македонците да веруваат во нешто. Тоа зависи од поединците, семејствата, заедниците… Тоа што Грците се обидуваат да го направат е детска работа. Нивната несериозност се потврдува секојдневно. Во грчкиот весник Катимерини беше критикуван договорот затоа што „остатокот од светот ќе може слободно да ги вика луѓето од БЈРМ ‘Македонци’, и покрај тоа што ние во Грција ќе ги нарекуваме граѓани од ‘Северна Македонија’“. Пази богати! Грците се лутат што остатокот од светот ќе смее Македонците да ги нарекува Македонци.

Понатаму, во членот 1 (3), параграф Ф се вели дека „придавката на државата, нејзините официјални органи, и другите јавни тела ќе биде во согласност со официјалното име на Втората Страна, или со нејзиното кусо име, кое е ‘од Република Северна Македонија’ или ‘од Северна Македонија’“. Со други зборови, државата и нејзините тела не смеат да ја користат придавката „македонски“ туку ќе мора да ја користат „придавката“ „од Република Северна Македонија“ или „од Северна Македонија“, израз што не се смеат за придавка во ниту еден јазик, туку е фраза составена од именки, придавки и членови. Ако погледнеме во речникот, таму има дефиниција за придавка, и се вели дека придавката е „еден збор“.

Членот 1 (3) параграф Х ги напаѓа комерцијалната и приватната употреба на „Македонија“ и „македонски“ во „комерцијалните имиња, трговските имиња и брендовите. Двете страни „се согласуваат да ги поддржуваат иохрабруваат своите деловни заедници да институционализираат искрен, структурен и добронамерен дијалог, во контекст на кој ќе бараат и ќе постигнатвзаемно прифатливи решенија кои произлегуваат од комерцијалните имиња, трговските имиња и брендовите и сите релевантни прашања на билатерално и меѓународно ниво. Во овој член се додава дека двете држави ќе формираат „меѓународна експертска група“ која во текот на три години, почнувајќи од 2019 година, ќе нуди предлози за „имплементирање на погоре наведените одредби“. (А ако Заев искрено верува во овој договор, тој би требало уште веднаш да го смени името на својата партија во Социјал-Демократски Сојуз на Северна Македонија).

Понатаму, членот 6 практично ги обврзува двете страни (Првата Страна – Грција, и Втората Страна – Македонија) да работат на обесхрабрување на акти кои можат да доведат до или да поттикнат (ова е многу важно) „омраза“, „непријателство“, „шовинизам“, „иредентизам“ или „ревизионизам“, како и „пропагандни акти“ против другата страна, „и веднаш ќе ги преземат сите неопходни мерки предвидени со законите“ против ваквите акти. Тука изоставив една одредба: ова ќе бидат акти на „приватни лица“. Тоа значи вие и јас. Кој ќе ги дефинира овие акти? Како ќе се спроведува оваа одредба? Дали коментар на Фејсбук од страна на Македонец кој живее во Македонија во кој ќе се каже дека денешните Грци не се на нико начин поврзани со античките Грци ќе се смета за „омраза“ или „непријателство“? Грците секако ќе го сметаат за таков. Што ако таков коментар објави Македонец од Канада? Или Американец од Аризона? Гледате ко што ова води. Членот 3 (4) го повторува ова, велејќи дека „двете страни се обврзуваат да не преземаат, поттикнуваат, поддржуваат ил/или толерираат било какви постапки кои се од непријателски карактер насочени против другата страна“ и ниту една од страните нема да дозволи било која организација, група или поединец да врши „акции или активности кои на било кој начин го загрозуваат мирот, стаибилноста и безбедноста“ на другата страна од нејзина територија. Како по ѓаволите ќе го дефинирате и спроведете ова? Ако, според членот 1 (3), параграф Х, приватна компанија продолжи да го користи изразот „произведено во Република Македонија“ дали таа врши акти на „омраза“ или „непријателство“? Дали ова што јас го пишувам или што честопати го коментирам на Твитер се „акти на пропаганда“? Бидете сигурни дека Грците ќе речат дека е така.

Има тука уште многу материјал: Македонија мора да го смени својот Устав и да имплементира се што е наведено во договорот, пред Грците воопшто да го ратификуваат (ова е според член 1 (4) параграф Ф) (а да не заборавиме дека Грците никогаш не ја ратификуваа Времената Спогодба од 1995 година иако беа обврзани да го сторат тоа) и Македонија ќе мора да ги спроведе сите овие уставни измени во текот на 2018 година. Макеоднија ќе има пет години да ги смени банкнотите и монетите, поштенските марки, пасошите, личните карти, армиските униформи, дипломите и низа други нешта, а ќе е формираат комисии кои ќе ги прегледаат и потоа веројатно ревидираат учебниците (ова според член 1 (10), параграфи а и б, и член 8 (5)). Државните објекти во Македонија на кои е истакнато сонцето од Вергина ќе мора да го отстранат или ревидираат (член 8). Членот 19 (3) додава дека било кој спор меѓу двете страни ќе биде разрешен од страна на … подгответе се за ова … Меѓународниот суд на правдата. Аха, сигурно.

И конечно, според член 1 (12) Грција бара македонскиот Устав да биде изменет со еден амандман ан блок (во исто време). За ваша информација, во Уставот, зборот „Македонија“ и „македонски“ се спомнува 99 пати, а ако ги земеме предвид и амандманите, оваа бројка се зголемува на 211.

Прочитајте го договорот во целост, но ви препорачувам додека го правите тоа покрај вас да имате полно шише од вашиот омилен пијалак за возрасни. Ќе ви треба.

Овој договор со ништо не ги обединува Македонците – напротив, тој дополнително ги разделува, а последното нешто што им треба на НАТО и на ЕУ е да примат членки чии граѓани се длабоко поделени меѓу себе. Лук Кофи од Фондацијата Херитиџ го истакна ова велејќи дека „во наш интерес е да има политичка стабилност во Македонија. Било кое име кое Македонија ќе го договори со Грција мора да има широка поддршка од јавноста бидејќи во спротивно ризикуваме нестабилност во земјата. Македонците мора да почувствуваат дека договорот го зачувува нивниот уникатен идентитет. Во спротивно, без консензус дома договорот ќе доведе до поголеми проблеми и нестабилност во иднината“.

Понатаму, дури и ако Македонија го смени Уставот (на овој или оној начин), остануваат прашањата на Бугарија и Албанија (а можеби и други држави) кои ќе бидат охрабрени да бараат од Македонија да им даде дополнителни отстапки пред овој договор да биде ратификуван. Бугарите веќе го бараат ова.

Видовме како навивачките групи од меѓународните медиумски куќи и одредени претставници на ЕУ веќе почнаа да го користат изразот „Северна Македонија“ во нивните текстови и изјави (Фајненшл Тајмсобјави дека „се очекува договорот за името да го забрза приемот на Северна Македонија во НАТО…). Федерика Могерини од ЕУ својата поддршка за договорот ја изрази преку Твитер порака во која користеше хештег #СевернаМакедонија, што значи дека ако сакате да видите што ви порачува, треба да ги проверите и #Македонија и #СевернаМакедонија. Ова го прават намерно, затоа што сакаат да го поттикнат користењето на „новото име“ за да ги натераат луѓето, институциите и другите држави да се навикнат на него. Не им е важно тоа што Република Македонија се уште е Република Македонија.

Се распишав, и затоа би завршил со следното: Како прво, Грците ќе продолжат да прават се што можат за да го негираат македонскиот идентитет. Договорот јасно укажува на тоа. Второ, од македонскиот народ ќе зависи (и покрај неизбежните надворешни и внатрешни закани) да ја донесе конечната одлука. Трето, би било добро да видиме што Македонската Православна Црква има да каже за ова, како и бизнис заедницата и групите како што е Македонија2025.

Четврто, дури и ако, во најлошото можно сценарио, сето ова се реализира, по 20 или 30 години Македонија ќе може да го поништи овој договор и никој нема да може да направи ништо во врска со тоа. Но, за тоа ќе биде потребно да имате соодветни лидери.

Пишува: Џејсон Мико за Свест.мк

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.