|
||||
СЛИКА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА |
Според историските документи, по завршувањето на Балканските војни (1912-13) Преспанската Котлина им припаднала на Србија (Стара Југославија) и Грција (Елада). Делот од Македонија познат како Мала Преспа беше даден на Албанија по потпишувањето на Версајскиот мировен договор во 1919 година. Селото Нивици (Псарадес), пак, се наоѓа на најјужниот брег на Големото Преспанско Езеро. Тоа е мало, чисто македонско село опколени речиси од сите страни со вода Ако Македонија е најубавата земја на Балканот, тогаш Преспа, особено Долна Преспа е срцевината на таа македонска убавина. И не случајно, зашто на овие македонски простори некогаш било седиштето на Самуиловата држава, а и на свети Климента. Првиот бил владетел на светот, а вториот бил великан на православието. Не се памети од кога населението Котлината ја има „поделено“ на Горна Преспа, Долна Преспа и Мала Преспа. Меѓутоа, запишано е дека Горна Преспа го зазема северниот дел, Долна Преспа јужниот, а Мала Преспа југозападниот дел на Преспа. Горна и Долна Преспа ги одделува ридот Веќе кај Претор, а Мала Преспа и Горна Преспа копнено се одделени со Пречна Планина. Делот на Долна Преспа, пак, со Малото Преспанско Езеро од Мала Преспа ги одделува планината Сува Гора. Според историските документи, по завршувањето на Балканските војни Преспанската Котлина им припаднала на Србија (Стара Југославија) и Грција (Елада). По една деценија Грција ù ја отстапила Мала Преспа на Албанија, со што тромеѓето на овие три држави останало во водите на Големото Преспанско Езеро, во непосредна близина на островот Голем Град. Во Преспанската Котлина постојат 74 населени места од кои 36 се протегаат во Горна Преспа во Општина Ресен. Во Долна Преспа, во делот на Република Македонија има 8 села и тоа: Сливница, Арвати, Крани, Штрбово, Љубојно, Брајчино, Наколец и Долно Дупени. Во Долна Преспа во Грција (Елада) има 18 села и тоа: Герман, Раби (Р‘би), Медово, Штрково, Опаа, Рудари, Папли (П‘пли), Оровник, Буковик, Лк (Л‘к), Дре- ново, Трново, Граждено, Орово, Дробитишта, Винени, Нивици и Аил (Ахил), како и 3 села во де- лот на Албанија: Заградец, Ракитско и Суец. Во Мала Преспа (во Албанија), пак, има 9 населени места и тоа: Пустец како опшински центар, потоа, Туминец, Горна Горица, Долна Горица, Глобочани, Шулин, Пустец, Леска, Зрновско и Церје. Преспа, како и многу други предели од Западна Македонија најмногу е позната по печалбарството. Од памтивек од овој крај се одело на печалба. Печалбарството, војните и поделбите на Долна Преспа оставиле многу траги кои зборуваат за тагата на разделбата, за неостварените желби, за неизносените невестински руби и за детството без топла родителска љубов. Тоа е место оплакано со солзи, место на средби и на разделби, место кое оставило длабоки болки во душите кај раселените ширум светот. Често се вели дека да бидеш во Долна Преспа значи да се навратиш и да тагуваш за минатото, да ја видиш денешната слика на разделена Македонија и да размислуваш за иднината на овој дел од македонската земја. Меѓутоа, цела Долна Преспа, сите населени места долж Преспанското Езеро се празнично расположени во текот на летните месеци. Овој живописен дел на Преспа широко ги отвора своите порти за туристите, добронамерниците за печалбарите од целиот свет, да го посетат крајот на најслатките јаболка и на вештите рибари. Овој прекрасен крај ги мами печалбарите да се вратат во своето родно место, на своето старо огниште... Затоа, голем број од тие „талкачи по светот” доаѓаат да се видат со своите најблиски, особено да го празнуваат Илинден на 2 август секоја година. Долна Преспа во Грција (Елада-Беломорска Македонија), има своја иосторија, минато, сегашност и иднина. Општо е познато дека македонскиот народ во тој дел од македонската земја, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички и е туѓ на Грција. Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент од 1913 година ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист. Грчката буржоазија, во намера да го избрише секој белег што потсетува на македонскиот карактер на Беломорска Македонија, во ноември 1926 година донела Закон за замена на македонските топоними со грчки имиња на селата и градовите, називите на планините, полињата, реките итн. Повеќедеценискиот процес на етничко чистење, елинизација, бришење на македонската историја и нејзиното толкување според елинските големодржавни потреби е процес на бришење на македонскиот национален идентитет и постоење. Особено егзодусот на Македонците од Долна Преспа како последица од Граѓанската војна и од елинските (грчките) репресивни режими, спаѓа во редот на најтрагичните етнички чистења направени врз еден народ во најновата европска историја. Заради остварување на елинските мегаломански идеи, Македонците од Долна Преспа, а и од цела Беломорска Македонија, од 1913 година се изложени на физичка и духовна репресија, која низ различни форми, но со непроменети цели, трае до ден-денес. Се обезличува и деноминира македонскиот народ и неговиот национален идентитет низ перманентна елинизација. Затоа, не се дозволи враќање на илјадниците протерани македонски иселеници, со цел да се прикаже македонската историја како елинска. За жал, во Долна Преспа, а и во цела Беломорска Македонија денес владее национално и политичко ропство. Таму елинските (грчките) националисти и шовинисти прават големи усилби да го обезличат македонскиот национален дух и да го уништат и длабоко да го закопаат богатото историско и културно минато на македонскиот народ, за што пишувале голем број интелектуалци и паталци.
Посебно место им припаѓа на истакнатите борци од Долна Преспа кои ги дадоа своите животи за народот од Егејска Македонија. Меѓу нив се светлите ликови на учителот Лазо Ангеловски од Граждeно, Сотир Миовски од Орово, Германија Пајкова и Никола Четелевски од Герман и многу други знајни и незнајни херои. Меѓутоа, посебно место му припаѓа на Богоја Фотев од Герман, кој беше револуционер, страдалник и претседател на Президиумот на АСНОМ. Исто така, има и личности кои имаат придонес во историскиот, националниот, духовниот и културниот развој на Долна Преспа, во Егејска Македонија. Се знае дека најголем број од населението е распрскано по светот, но тоа, со некои исклучоци, си остана со силни национални чувства и голема почит и љубов кон прадедовската поделена земја - Македонија. Меѓу другите значајни личности од Долна Преспа во Егејска Македонија треба да се споменат: Томе Миовскиод селото Орово, кој живее во Перт, Австралија. Тој е еден од хроничарите за македонското иселеништво во Австралија и е автор на повеќе дела; Митре Кајчевски - Мичоод Герман, исто така автор на повеќе дела за Долна Преспа; Цветко Сарагилове роден во во Герман, а е познат поет во Канада и САД. Тој е автор на неколку стихозбирки; Коста Мундушеве од Раби, а е автор на книга која се однесува на поделбата на Преспа во Втората светска војна; Стојан (Стан) Малијан, пак,потекнува од Герман. По Втората светска војна заминал за Канада, а потоа за САД, каде го стекнал своето високо образование. Автор е на неколку дела на англиски јазик; Јанче Андоновские роден во Скопје. Потекнува од егејскиот дел на Македонија, по татко од селото П‘пли и мајка од селото Косинец, Костурско. Автор е на повеќе дела за Македонците од егејскиот дел на Македонија. Овој плоден автор има напишано и неколку сценарија за играни серии и сценарио за филм; Герман Алабашовскиживее во Торонто и е член на друштвото „Браќа Миладиновци“ во МПЦ Св. Климент Охридски во Торонто. Објавил повеќе песни во изданијата на Друштвото. За Долна Преспа во Егејска Македонија се напишани голем број историски и други дело. Но, овој пат ние ќе се задржиме на селото Нивици, чие име е преиначено во Псарадес. Тоа се наоѓа на најјужниот брег на Големото Преспанско Езеро. Нивици е мало, чисто македонско село опколено речиси од сите страни со вода. Тоа одсекогаш било македонска населба, која до денес не претрпела никакви измени. Во него има стотина куќи изградени претежно од камен, во кои според пописот во 1940 година имало 770 македонски жители, а во 1961 година имали 430 жители. Како причина на миграционите движенја денес во селото живеат неколку стотини жители, кои егзистираат од риболов и туризам. Селото Нивици, од каде е прабабата на авторот на овие редови, Славе Катин, е едно од најрибарските села во Преспа, каде се ловат најголем број различни риби, од кои се сушат познатите нивички белвици. Од селото има голем број иселеници во прекуокеанските земји, Австралија, Канада и Сад, како и во други земји. Во текот на Граѓанската војна селото настрадало и тогаш дел од населението побарало засолниште во тогашна Југославија и други источно-европски земји. Треба да се нагласи дека е жалосно што решавањето на имотното право на Македонците од Препа под Грција е многу тешко, а уште потешко кога тоа право треба да се побара во д0ржава, во која сė уште се на сила низа дискриминаторски закони со коишто им е одземен имотот на Македонците со потекло од егејскиот дел од Македонија. Но, конечната навреда врз македонскиот народ е зададена кога Грција, во 80-тите години на минатиот век, го воведе Законот за репатријација, кој дозволува само „Грци по раѓање“ да се вратат во своите места на потекло, односно во местата каде биле родени. Затоа, Македонците неможат да ги остварат тие права. Бидејќи, надежта никогаш не умира, таа умира последна, протераното македонско население од цела Грција не се откажува од своите барања за враќање на имотите, добивање државјаство, признавање на македонското малцинство, македонскоста црква... Делот од Македонија познат како Мала Преспа, пак, беше даден на Албанија по потпишувањето на Версајскиот мировен договор во 1919 година. Со овој договор заврши поделбата на Македонија меѓу Србија, Грција, Бугарија и Албанија и започна ерата на денационализација и присилна асимилација на македонскиот народ. Денес, Македонците во Албанија имаат поголема слобода и човекови права од Македонците во Грција и Бугарија, меѓутоа, сепак, тие не се доволни. Во Мала Преспа, Гора и Голо Брдо сè уште постојат бројни прекршувања на човековите права. Кога се зборува за прашањето на статусот и положбата на етничките Албанци во Македонија и оние на етничките Македонци во Албанија, Македонија никогаш не инсистира на реципроцитет, туку ги смета правата на албанското малцинство како еден од клучните фактори на нејзината демократија. Но, сите мора да разберат дека Тирана не може неограничено да го бара невозможното од Македонија, додека правата на етничките Македонци во Албанија остануваат под најелементарно ниво. Во Мала Преспа за одбележување се личностите кои значат пресвртница во националниот, општествениот и културниот живот, како и на полето на публицистиката. Меѓу нив се следните: Стерјо Спасе, кој е еден од најпознатите романсиери во Албанија. Тој е од македонско потекло и е роден во селото Глобочени, Општина Пустец. Се школувал во Корча и Елбасан, потоа студирал педагогија во Флоренца во Италија, а магистрирал во поранешниот Советски Сојуз. По Втората светска војна, Стерјо Спасе работел како книжевен критичар, а пишувал за бројни албански списанија. Тој е автор на најголем број позначајни романи на албански јазик, а има и преводи на македонски јазик. Исто така познатиот учител во Мала Преспа, Никола Беровски оставил трајни белези во образованието на Македонците во Албани.
Меѓу другите истакнати личности во областа на литературата, јазикот, публицистиката и новинарството ќе ги споменеме следните личности: Гуре Думае роден во селото Глобочени, а работел како учител во селата Туминец, Глобочени и Горна Горица. Тој е автор на дело за Мала Преспа; Д-р Валентина (Илија) Несторе родена во Пустец. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата за македонски јазик и јужнословенска книжевност. Од 1996 година работи како лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици, во Одделот за словенски и балкански јазици во Тирана. Во 2006 година се стекнала со звањето - доктор на науки. Валентина Нес- тор се занимава со лингвистика, лексикологија и со литературатурно творештво; Илинден Спасее син на познатиот албански писател од македонско потекло Стерјо Спасе. Тој е роден во Глобочени, каде го завршил основното образование, а дипломирал на филологија на универзитетот во Тирана. Автор е на две збирки раскази; Стилијан Апостоли е роден во село Горна Горица. Тој е професор во Одделот за стопанство и земјоделски политики при Земјоделскиот факултет во Тирана. Има објавено универзитетски учебници, брошури, научни студии, реферати, информации и друго; Сотир Ристое поeт од Мала Преспа. Тој е роден во селото Леска, каде го завршил основното образование, а Филолошки факултет завршил во Скопје. Пишува на македонски и албански јазик; Кристина Јанкулае родена во село Горица. Завршила вишо образование за учители на Универзитетот во Елбасан. Работи како учителка во основното училиште во Долна Горица; Спасе Мазенкове роден во селото Леска. Гимназија и средно економско училиште завршил во Корча и Либражд. Од излегувањето на весникот „Преспа“ тој бешее главен и одговорен уредник. Постојано објавувал песни, раскази, различни текстови, а е автор на збирка песни; Спасе Танасие роден во село Зрновско. Завршил факултет за земјоделска економија на Универзитетот во Камза (Тирана). Автор е на научни и литературни дела, а има објавено и стихозбирка; Дола Шкмбие родена во Долна Горица. Звршила Медицински Факултет во Скопје. Таа е автор на стихозбирка. На крајот ќе го спомене Преспанското Езеро – еден од бисерите на Македонија, кое е едно од најчистите езера во светот. Големото Преспанско Езеро лежи на надморска височина на околу осумстотини метри и зафаќа површина од околу 270км2. Неговата брегова линија е разгранета во различни форми и со максимална должина од 28, а широчина од 17 км, како и со најголема длабочина од околу педесетина метри кај селото Нивици. Оваој убав природен резеват им припаѓа на Р. Македонија ( 65 %) на Р. Албанија (18 %) и на Р. Грција (17 %) Во Езерото постојат два острова Голем Град на територијата на Р. Македонија и Мал Град на албанска територија. Малото Преспанско Езеро (околу 40 км 2 ) и со најголема длабочина од 14м. Во него постојат два острова Ахих и Видринец и двата во грчка терторија. Дотекува од потокот Завир во Мала Преспа. Птицата пеликан како една од најкрупните птици кои егзистираат на вода, главно во потоплите краишта, во Преспа го има единствено на двете Преспански Езера ( големото и малото ). Тој престојува секоја година шест месечен престој ( 15 Април- 15 Октомври ) во јата од сто птици. Другиот годишен период го минува во јужните предели на земјината топка. Прометното долетување на овие бели птици со големи клунови не е многу забележлива, но за време на есенската преселба тие се собираат во јата и по еднодневно кружење над Преспанската котлина се упатуваат кон своите зимувалишта. Овие птици ја збогатуваат сликата за убавата Преспа. Пишува: СЛАВЕ КАТИН |