|
||||
Ништо не е готово |
Цуцуловски: Ништо не е готово, колку и да се смета дека е готовоПрофесорот Љубомир Цуцуловски смета дека граѓаните на Македонија допрва ги чекаат уште многу неизвесности и проблеми, иако изгледа дека работата е завршена со договорот Заев-Ципрас за преименување на државата. „ДОПРВА СЛЕДИ… Претседателот Ѓорѓе Иванов е дециден. Нема намера да го потпише Договорот со Грција. Од друга страна, претседателот (според Уставот) д о л ж е н е да го потпише, ако тој и по вторпат помине во Собранието или на референдум. Меѓутоа, ако некој е должен нешто да направи не следи дека тоа и ќе го направи. На пример, секој вработен е должен навреме да доаѓа и да си оди од работното место. Инаку, следаат санкции. Но, тоа не значи дека секој вработен така ќе постапува. Истото е и со Претседателот на Државата. Во случајов, би следела негова политичка одговорност, односно гласање за недоверба/импичмент. За да се изгласа недоверба потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Тоа може да се постигне само ако опозицијата се приклучи кон парламентарното мнозинство или ако дел од опозицијата премине на страната на парламентарното мнозинство. Во тој случај следи: (1) Дека опозицијата, или дел од нејзините пратеници, не се искрени кога децидно тврдат дека се против Договорот и промената на името и (2) Ако се изгласа недоверба на Претседателот на Државата, ќе мора (покрај референдумот) да се организираат и предвремени претседателски избори. Исто така, не е извесно дали нема да дојде и до предвремени парламентарни избори. Како што е неизвесно и… Според тоа, ништо не е готово, колку и да се смета дека е готово и, од друга страна, граѓаните на Македонија допрва ги чекаат уште многу неизвесности и проблеми“, напиша Цуцуловски на својот профил на „Фејсбук“. |