|
||||
Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ |
Јанушев: Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз сите оние кои ги штитат македонските национални интересиВечерва беше нападнат и каменуван централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. о ова на вонредна прес-конференција излезе генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев. Вечерва беше нападнат и кукавички каменуван централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Нападот на штабот на партијата е акт на насилство и вандализам, но и напад врз сите оние кои ги штитат македонските национални интереси. Индициите говорат дека одговорноста за ваквиот напад се структури блиски до власта, по принципот на шарената револуција. На што го темелиме ваквото убедување? Веќе подолг период ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека власта предводена од Зоран Заев готви насилно сценарио спроведувано од свои инсталации и полициски структури чија цел е да го втурне ВМРО-ДПМНЕ во насилство, како би можело полесно да се делегитимира нашата борба против капитулацијата на Зоран Заев во договорот со името. Власта преку овие и слични провидни провокации посакуваат нов 27 април, каде Зоран Заев би се прикажал за жртва, а ВМРО-ДПМНЕ би било оцрнето. Првиот таков неуспешен пример беа насилните протести пред Собранието, каде, за жал, колатерална штета беа недолжни граѓани, жени и деца. Тоа е целта и на вечерашниот напад за кој многу веројатно дека ќе сака да се прикаже како наводно незадоволство на незадоволниците од ВМРО-ДПМНЕ, а впрочем вистинската одговорност лежи во оние кои ја имаат власта. ВМРО-ДПМНЕ има прецизни информации за оперативци од полициските структури кои финансираат и подбуцнуваат насилство кое треба да се насочи кон ВМРО-ДПМНЕ. Во ова се вклучени и лица од раководството на СДСМ. Впрочем, на сето ова претходела и средба во едно од скопските кафулиња, каде лица од СДСМ биле во друштво со лица со дебело полициско досие при што биле стимулирани да предизвикаат насилство. Ова е вистинското диктаторско лице на Зоран Заев. Во негови раце е и полицијата и судството и сите механизми да го спречи ова и да ги открие сторителите. Ова е сериозен удар на демократијата. Ова е сериозен удар на демократските процеси каде главната опозициска партија е под напад. Овој начин на функционирање е претпознатлив само во афричките диктатури. Ова е сериозен доказ дека власта ја губи контролата. Очекуваме жестока реакција и од меѓународната заедница која на дело може да види како функционира картелот на власта – рече Јанушев. Тој се обрати до оние, кои, како што рече јалово се надеваат дека ќе го втурне ВМРО-ДПМНЕ во сценарио од кое бенефит би имале само оние кои, како што изјави, ја распродаваат државата на економски и политички план: Ние сме ВМРО и треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се поколеба ниту милиметар во своите ставови во однос на договорот за името. Овој чин не прави поупорни и похрабри да истраеме да се спротивставиме на овој договор со сите демократски средства. Повикуваме сите членови да се воздржат од било какви провокации на власта. Ваквите сценарија покажуваат дека Зоран Заев ја губи контролата и поддршката од граѓаните. Ќе истраеме, ќе истраеме затоа што имаме план. Очекуваме соодветна реакција од надлежните органи и предупредуваме дека како партија која го има најголемото членство, во иднина ќе бидеме приморани да се самороганизираме со цел да обезбедиме минимум безбедност. И тоа е наше право. Уверувам дека брзо ќе дојде денот кога одговорноста за ова и за многу други работи, за пустошот на Република Македонија ќе биде поставена пред законите и правната дрќава. Ако некој се сомневаше сега мора да биде сигурен дека Зоран Заев ќе падне и ќе одговара,а Македонија ќе победи. |