Сабота, 30 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Преговори не започнавме, името го смениме! Европо, да не треба уште нешто?

altTрајче Стојанов

Преговори не започнавме, името го смениме! Европо, да не треба уште нешто?

Европо, стара....

Значи, јасно и гласно: Македонија не доби датум за преговори со ЕУ! Уште еднаш: Македонија не доби датум за отпочнување на преговорите со ЕУ! И да не биде нејасно: Македонија нема датум за преговори со ЕУ! Или, наједноставно: не, немаме датум за преговори со ЕУ!

Што доби? Доби ветување дека во јуни догодина ќе бидеме разгледувани дали евентуално би добиле датум за преговори! И уште еднаш: во јуни 2019 ќе ни кажат кога! ќе ни дадат датум за отпочнување на преговори! Значи, по трет пат: во јуни 2019 ако сме умни би ни кажале дека за година-две можеме да ги почнеме преговорите за полноправно членство во ЕУ!

При тоа, драги мои, да бидеме реалисти, преговорите би траеле најмалку 10 години. Хрватска, на пример, преговараше точно 10 години и четири месеци, пред да стане членка на ЕУ. Процесот за пристапување, на пример, на Полска, која им е далеку „поважна“ стратешки, исто така траеше 10 години: од официјалната апликација во 1994, до приемот во 2004 поминаа точно десет години. Процесот е долг, мачен и неизвесен...неизвесен како Турција, на пример! Значи, без лажни надежи, без измами, без екстатични изјави дека за некоја година сме во ЕУ. Дури и денес, т.е. вчера да ги почневме преговорите, датумите кои ви ги вртат по медиуми разно-разните експерти дека до 2025 ќе влеземе во ЕУ, се крајно нереални! Македонија, во овој миг е далеку понеспремна од споменатите Хрватска или Полска и тој процес ќе трае 10 години, најмалку! Значи, ако вчера ги почневме преговорите, како што не ги почнавме, можевме да се надеваме на нивно завршување дури во 2028-2029 најмалку!

Процесот е сложен и мачен. Особено втората, најдолгата фаза од него. Имено, генерално процесот е три-фазен: 1. скрининг; 2. прилагодување на легислативата (acquis communautaire); 3. потпишување и стапување на сила; при тоа, вторта фаза е најдолгата и најмачната во која низ, сега 35 поглавја, го адаптирате системот на правото на ЕУ, од слобода на движење на стока и луѓе, преку образование и култура, до институционални реформи и „друго.“ И тоа, овој процес не е „сакам-нејќам“, туку едноставно е „морам“! Мора да се имплементира сето досегашно право на ЕУ, а да бидеме реални, тоа ќе биде болно, мачно и неизвесно. Ќе има реформи на институциите, луѓето ќе бидат изместени од оваа блажена комоција во оваа бара во која живееме со децении. Некои ќе „настрадаат“, многумина ќе ја почуствуваат Европа на своја кожа...

Ова, колку да имате предвид што сè нè чека и дека тој процес на пристапување не е нешто налик на прослава, на свадба, туку попрво на одење на заболекар. Но, она што во овој момент е поважно и на што сакам да се вратам е фактот дека ние немаме датум за преговори. Покрај ветувањата дека „само името сменете го“ или покрај нашето неосновано и карајно ирационално верување дека „само името е проблем“, инаку ние сме топ, Македонија не доби датум. Оваа илузија „само името е проблем“, во голема мера беше потхранувана и од членки на ЕУ самата ЕУ. Реално е сега надежите на граѓаните да се изневерени, вербата да е изгубена. Европа нè изневери! Тоа горчливиот вкус кој останува после оваа одлука на Советот на ЕУ! Мислам дека во оваа прилика на ЕУ не ù се јасни две важни нешта:

1.Прво, барањето за реформи особено во сферите заради кои сме условени, е ужасно тешко за Македонија. Јас ве уверувам, дека Македонија нема внатрешен капацитет за реформирање. Ние сме „исцедени“ во секоја смисла: институционална, човечка, морално-политичка, за воопшто да сме во состојба да се покренеме и да се реформираме. Токму датумот за преговори, фазите на скрининг и отворањето на поглавјата ќе беа помошта од ЕУ за реформирање. Европа бара прво да сме се реформирале, па после ќе ни правела муабет!? Па ние ако имавме сили да се реформиравме, немаше да ве бараме вас! Европо, мора да се шегуваш!? Пола држава ни е иселена, најдобрите синови и ќерќи на оваа нација рмбаат по туѓи бели дворови, најдобрите доктори, инженери, правници...не се овде да „нè реформираат“, инситуциите ни се распаднати, деморализирани сме, општествено-политички истрошени, морално корумпирани, без пари, без знаење, без индустрија...и они ни викаат: прво реформирајте се! Се шегувате, нели!?

2.И второ и уште поважно во овој миг, што мислам дека не и‘ е докрај јасно на ЕУ, се домашните состојби и чинот на „преименување.“ Тие не го разбираат значењето, колосалноста, маштабноста, историчноста на нашата жртва на преименување! Ниту една земја, никогаш, никаде, ниту во еден историски период, на ниту еден географски меридијан, не била принудена на вакво нешто! Македонците, да не се лажеме - дури и оние „најлибералните“, дури и оние кои имаат задача да го бранат во јавноста, а јас верувам дека дури можеби и оние што го потпишале, се чуствуваат повредени, навредени, понижени од овој “историски“ договор. И покрај тоа –„ наградата“ изостана!? Македонецот е без име, со прстот во уста! Ете, тоа е чуството после одлуката на Советот на министри на ЕУ. Ете, тоа не го разбираат министрите на ЕУ, не ја разбираат колосалната жртва што оваа држава ја направи самопреименувајќи се, самоукинувајќи се во името на „поголемото добро“, во името на ветениот рај: преговори со ЕУ и влез во НАТО! За нив, „преименувањето“ е само техичко прашање, едно од многуте проблеми на дивиот Балкан, минорна работа, недоволна за „награда“, ништо посебно! За нас пак, тоа е историски чин: си легнав како Македонија се разбудив како Северна! За прв пат во историјата македонецот сам си го реши „македонското прашање“. За учебник е ова: „македонското прашање“ се реши со „телефонски повик“!

Преговори не започнавме, името го смениме! Европо, да не треба уште нешто?

Превземено од: https://faktor.mk/evropo-stara-1

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.