Петок, 20 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!
1pecat
 
Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита името на востанието, и најдолу годината 1878 кога е дигнато востанието.

На 17.10.187 во селото Кресна, Пиринска Македонија, е дигнато МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ, кое во историјата е познато и под името Кресненско востание.

Името на востанието е сменето од Македонско во Кресненско од комунистичките историчари, најверојатно затоа што комунистите во Југославија се плашеле дека тоа име кај Македонците од двете страни на границата може да предизвика силна желба за обединување на Пиринскиот и Вардарскиот дел на Македонија.

Оригиналното име на востанието е МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ!

Под водство на војводите Димитар Поп Георгиев Беровски, Дедо Иљо Малешевски и Стојан Карастоилов, Македонците само две години после Разловечкото востание (1876), повторно се кренаа против турското ропство.

Еден од знаменосците на една од четите во МАКЕДОНСКОТО востание е Иван Сандански, татко му на Јане кој тогаш бил 6 годишно дете.

Востанието започнало на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година со нападот на Кресненските анови во кои била сместена турската војска. Во нападот учествувале 400 востаници и многу селани од околните села. При самиот напад на турскиот гарнизон на востаниците им се предале 109 турски војници, а многу Турци биле убиени.

По ослободувањето на Кресна, востанието се проширило во околината и подалеку во Мелничко, Демирхисарско (Пиринска Македонија), Беровско, Делчевско.

Пред почетокот на востанието биле напишани и Правилата на Македонскиот востанички комитет или Привремени правила за организација на МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ.

Правилата преставувале законодавен акт за време на Востанието, а со нив биле регулирани целиот социо-економски и општествено-политички живот и на востаничките територија и сили но и на целата територија на Македонија.

Кон крајот на Декември 1878 година Правилата биле преработени и по обем и содржински. Наместо поранешните 232 члена по преработката имале 211 члена. Во уводниот дел биле запишани причините за востанието и било истакнато дека:

„ Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистични цели од страна на големите сили и е оставена на Турција по Берлинскиот конгрес. Во резултат на тоа дојде во одделните области на нашата татковина до многу кравави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може, станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата.

Со нашата крв што ја пролеваме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонска војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза: Слобода или смрт! Поради настаните и ослободувањето на голем број села од нашите востаници и вопијушите потреби да се воведе еден ред во земјата каде што дејствуваат востаниците, решивме да поднесеме едни правила од Македонскиот востанички комитет, односно Устав, по кој сите ќе се управуваме и сите ќе ги исполнуваме додека не ја ослободиме нашата татковина Македонија...“

Едни од главните правила на Востаничкиот комитет:

1. Востанието во Македонија, кое сега е уште локално, треба да се прошири низ цела Македонија.

2. Во востанието учествуваат луѓе од самата Македонија, кои се чувствуваат Македонци и ја сакаат слободата на својата татковина.

3. Во востанието можат да учествуваат и сите македонски жители, без разлика на вера и народност, стига да ја сакаат слободата.

4. Сите доброжелатели на Македонците од соседните и подалечните земји можат да учествуваат во Македонското востание, ако му се покорат на Македонскиот востанички комитет и искрено се залагаат за ослободување на Македонија.

5. Им се дозволува на таканаречените Благотворителни комитети надвор од Македонија да го помагаат востанието, меѓутоа главен предмет и грижа да им биде: собирање на парични помошти, оружје со принадлежностите, облека од секаков род и вид и со готовност да ги испраќаат во однапред определени места, за да се доставуваат на востаничкиот терен; исто така и храната (да се доставува - б.р.) до востанатите места, ако тоа го бара нуждата, а посебно прехраната и облеката во оние места каде што селата и куќите се разорени ли ќе бидат разорени.

6. Се повикуваат доброволците надвор од Македонија - кој е вистински доброволец и вистински пожртвуван љубител на татковината и сочувственик на оние што страдаат, со својот труд и со својата пот, на сопствена издршка да дојде до местото каде што ќе се приклучи во редовите на востаниците и ќе му се даде оружје и се’ што е нужно.

7. За мрзливците, крадците и арамолепците нема место меѓу македонските востаници, како што нема место на слични наемници, кои се покажаа силеџии рамни на турските башибозуци, од кои произлезе и произлегува големото беспокојство во народот. Такви доброволци не му се потребни на делото. Подобро е да си одат по своите места од каде што се дојдени и да си ги гледаат своите интереси.

8. Секој доброволец од каде и да е и каков и да е, нека си ги обуе опинците, да си оди мирно, спокојно, благородно и благодетно за насушниот леб што ќе му го дадат по патот до означеното место, и извршувајќи ги општите распоредби.

9. Нашата цел на Македонското востание не е никаква тајна. Таа е ослободувањето на Македонија, земјата на славните словенски просветители и учители св. Кирил и Методиј, која со векови страда под турското иго. Затоа секој што не се бори за нејзиното ослободување, туку си прави своја сметка - за него нема место во востанието...“

Востанието траело скоро 10 месеци, се проширило на поголема територија во Пиринскиот дел на Македонија и во најисточните делови од Вардарскиот дел на Македонија, и завршило во јули 1879 година, откако Турците го запоседнале теренот со многуилјадна војска.

ВЕЧНА ИМ СЛАВА НА ХЕРОИТЕ ОД МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ!

 

Историја

News image

Интервју на Лондонскиот „The Times“ со Тодор Александров, 4 Јануари 1924

Можно ли беше да таква Организација постои во дваесеттиот век? Набрзо бев вратен кон вистината со са...

Иселеници

News image

ЖИВОТНИТЕ ПАТИШТА НА СТИВ И ЛИЛИ ПЉАКАС (6)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Руската сказна за царот Македон

Во древните времиња, најстари од кој може да се види, па дури и позади нив, како што каменот од тие ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.