Недела, 30 Август 2009    PDF Печати Е-пошта
85 години од смртта на Тодор Александров

todor-aleksandrovТодор Александров е роден 1881, во Ново Село, Штипско. Ученик во Бугарското машко 3-то класно и педагошко училиште во Скопје и во Солунска машка гимназија "Св. Кирил и Методиј", во времето кога Христо Матов, главниот идеолог на десницата на ВМРО бил директор.Во 1897 година се вклучува во организацијата што даде најмногу жртви за обединета и независна Македонија, ВМРО. За прв човек на ВМРО доаѓа после Балканските војни и 1 светска војна.Погрешно е прифатено дека Т.Александров е во групата на десните македонски револуционерни сили, кои имале пробугарска ориентација и кои сметале дека Македонија била бугарска територија, а Македонците - Бугари.

Повеќемина од историчарите тврдат дека зад залагањето на Александров за автономна Македонија секогаш стоела прикриена цел подоцна, кога ќе се зоздадат услови, да се приклучи кон Бугарија. Академик Иван Катарџиев подвлекува дека проекцијата на Александров за автономија на Македонија се сведува на следново:
Борбата за автономна Македонија продолжува сè додека не се добие барем автономно уредување за трите дела на земјата поделена меѓу Србија, Грција и Бугарија. Таа цел, обединета, независна или автономна Македонија може да биде поставена под заштита на Друштвото на народите или на една од големите сили, негови членки, или да влегува во југословенската држава како рамноправен член во една федерација доколку Србите прифатат федерално уредување на новата држава, пишува нашиот познат историчар во книгата "Македонија сто години по Илинденското востание“, издадена од "Култура".

Според академик Катарџиев, потпишувањето на познатиот Мајски манифест во Виена е најголем дострел во револуционерната аквивност на Тодор Александров во 1924 година со кого е постигнат договор за обединување на левите и десните македонски револуционерни сили. Манифестот е потпишан по преговорите што ги имал Александров со претставници на тогашниот Советски Сојуз и со Коминтерната. Тогаш е потпишана и посебна декларација според која иднината на Македонија повеќе не се поврзува со Бугарија, туку во една наполно самостојна држава, обединета во нејзините етнички граници, која би можела да се обезбеди во рамките на една балканска федерација.

Ова е накратко ликот и делото на еден од најголемите македонски борци за обединета и независна Македонија, но да биде апсурдот поголем како шти и секогаш се случува во нашата многувековна историја, истиот тој „ Надвојводата “ е погребан во друга земја а не во земјата за која умре со отворени очи и лелек до небото за својата поробена и натопена со крв и инат Македонија.Во натамошните броеви на Македонска Нација ќе се свртам подетално и ке се обидам колку што можам пообјективно да го опишам патот и делата на овој оспоруван револуционер низ призмата на странските документи и неговиот личен ангажман во вечната борба за независна Македонија. За жалење би била нашата историја ако само се повикуваме на Иван Кантарџиев како докажан „вистинољубец на македонскиот непокор и вековната борба за независна и обединета Македонија“, туку треба и да се објаснат подетално, барем на помладите за значењето на пишаните и непишани а потврдени факти за „ Надвојводата “ Тодор Александров. Една од неговите мисли е објавена и во книгата „ Се за Македонија“ од г-динот Зоран Тодоровски кои имаше доволно храброст и достоинство да го објави истоимениот зборник, гласи :„Историјата се повторува, но длабоко верувам дека ќе се најдат родољупци да го запрат одењето удолу, за да се насочиме сите угоре и напред„!.Би сакал само уште да додам дека во овој мал предговор за Тодор Александорв се осврнав само на главните теми кои ќе бидат обработувани понатму во другите бореви на Мак НАција. Се надевам истотака ќе биде доволно интересно за сите патриоти да ја слушнат барем уште еднаш вистината за непокорот и интимните моменти на Надвојводата со вечната Македонија и дека неговата мисла е вечна : „Вистината е поголема и од светлината, но кој може и сака да ја види“.

БОГ.Македонија.ВМРО....ЗАСЕКОГАШ....
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.