|
||||
Љубе Бошкоски го тужи Мане Јаковлески за клевета |
Бошкоски смета дека Јаковлески со намера ја навредил неговата чест, нарекувајќи го предавник во емисијата „Отворено со народот“Киро КипроскиУтрински весник ГОСТИВАР - Мане Јаковлески, претседател на Здружението за спас на Љубе Бошкоски, ќе седне на обвинителна клупа во скопска „двојка“ и ќе одговора за клевета, по приватна тужба на Љубе Бошкоски. Според изнесените факти во тужбата, Бошкоски смета дека Јаковлески со намера ја навредил неговата чест, достоинството и угледот, нарекувајќи го предавник во емисијата на МРТВ „Отворено со народот“. Овој прилог беше емитуван лани на 4 декември, со тема „12 години затвор за Јохан Тарчуловски - судбина или предавство“. Бошкоски од судот бара Јаковлески да биде прогласен за виновен и да му исплати нематеријална штета од 1.500.000 денари. Јаковлески и Бошкоски беа долгогодишни сопартијци, блиски пријатели. Како претседател на Здружението, Јаковлески четири години беше носител на сите активности за да ја докажат вистината за Бошкоски пред Хашкиот суд. Во 2008 година Бошкоски беше ослободен и се врати во Македонија. Тврдењата за навреда тужителот Бошкоски ги поткрепува со извадоци од настапот на Јаковлески. „... Партијата го бранеше во Хаг, го одбрани и по враќањето од Хаг, ни го сврте грбот. Тој почна да плука по сите нас, по неговата тогашна партија, по мене, неколку пати ме навредуваше на митинзите што ги одржуваше низ Македонија, секојдневно го навредува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. За мене беше шок кога ја видов снимката. Не можев да поверувам дека Љубе, кој глумеше дека е патриот и пријател на Јохан Тарчуловски и на неговото семејство, врши предавство токму на Јохан“ ... „Не сум изненаден од се' што кажа и што направи Бошкоски, по излегувањето од затворот во Хаг, па и со поднесувањето на тужбата“, изјави Јаковлески. Снимките објавени на „Јјтјуб“ ги коментирав во емисијата ‘Гласот на народот‘, не ги измислив“, рече Јаковлески. „Можеби како претседател на Здружението не сум направил доволно за неговата одбрана, можеби не сум го посетил почесто во затворот во Хаг и затоа ми се лути“, со разочарување вели Јаковлески. Тој му порача на Бошкоски повеќе да не навредува кој било член на ВМРО-ДПМНЕ. „Можеби ВМРО-ДПМНЕ е виновна што Бошкоски е на слобода“, вели Јаковлески. Извор: Утрински весник |