|
||||
Голем хуманитарен концерт во Гостивар |
На 19 Мај со почеток во 20.00 часот во спортската сала во Гостивар ќе се одржи хуманитарен концерт за помош на Мартина Милошеска и Бранкица Димитровскa. На концертот ќе настапат повеќе Македонски ѕвезди, кои со своето присуство ќе ни покажат дека хуманоста треба да ни биде главна особина и дека нашето малку, некому му значи многу! На овој мега хуманитарен концерт во Гостивар најавија учество повеќе Македонски звезди меѓу кои: Виолета Томоска Миле Кузманоски Вики Среброва Сашко Савески Александар Белов Влатко Лозаноски Дарко Илиевски Орхидеја Дукова Димитар Андоноски Симона Попоска Оливера Ѓоргоска Магдалена Цветковска Стефан Величковски Скандал Састаф Џони (Драган Темелковски) Гемини (Бојана и Бисера) Даниел Стојмановски Бојан Андов Роберт Вукелиќ Рок Агресори Игор Митровиќ Игор Шарески GUSAR MC Пеце Ристески Бети D’reamers Јоце Панов Ве покануваме и Вас да присуствувате на овој концерт и со присуство да докажете дека навистина хуманоста ни е на прво место и дека со задоволство ќе помогнеме на лицата кои имаат потреба од нашата помош! Бидете и Вие дел од овој концерт... за само 100 денари, подарете небо за една насмевка! Македонска нација ги повикува сите кои се во можност да го подржат овој хуманитарен концерт и да покажеме дека кога се работи за помош македонците секогаш се солидарни. Да покажеме дека не случајно најголемата светска хуманистка МАЈКА ТЕРЕЗА е од Македонија. Голем хуманитарен концерт во Гостивар е поддржан од здруженијата за лица со посебни потреби: „Хендикеп Плус“ и „Ден Деница“ |