|
||||
Церемонија за промена на државните знамиња поставени пред Владата на Република Македонија |
Со интонирање на македонската химна, припадниците на Батаљонот за почести и опслужување и Воениот оркестар на АРМ, во присуство на министерот за одбрана Зоран Коњановски и вицепремиерот Васко Наумовски, денеска извршија церемонија за промена на државните знамиња поставени пред Владата на Република Македонија. Oваа церемонијата е во рамките на проектот на Министерството за одбрана, „Ден на знамето“ за церемонијална промена на државните знамиња поставени пред македонското Собрание, Владата и Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Пред 15 дена за прв пат беа сменети државните знамиња пред зградата на Собранието, а за две недели со ваква церемонија ќе биде променето знамето пред Кабинетот на Претседателот на државата. |