Петок, 04 Јуни 2010    PDF Печати Е-пошта
Уметниците со концерт ќе го бранат името
Под мотото „Уметниците со љубов за името“ на 8 јуни нa плоштадот „Македонија“ ќе се одржи концерт насловен „Македонија е нашето име“.
kaliopi-edno-ime-imame
На концертот ќе настапат познати уметници и музичари од македонската естрада меѓу кои Борис Трајанов, Славица Галиќ-Петровска, Драган Даутовски, Васил Атанасов, Ефтим Клетников, Андријана Јаневска, Влатко Илиевски, Некст Тајм, КУД „Кочо Рацин“, КУД „Орце Николов“, ....

Поетот Ефтим Клетников на денешната прес-конференција во СОКОМ информира дека се работи за една енергија на љубов, самопочит и самопотврда во овие, како што ги нарече, тешки времиња за нас, бидејќи 20 години се врши притисок врз Македонија да го промени името. Според него, тоа е единствен пример на таков начин да се отстрани народот од својот идентитет.

- Името еднинствено Македонците го сочувале низ историјата, биле истерувани на голгота, но го зачувале. Ние сме изведени сега на софистицирана, перфектна голгота, со еден потег да се избришеме и тоа без крв и без битка. Мислам дека уметниците се тие кои по дефиниција го тангираат идентитетот, се сложија да ја дадат духовната енергија и да покажеме дека постоиме и ќе постоиме под изворното име, кое не го даваме и имаме право да го чуваме и да го заштитуваме. Со овој акт се прекршуваат сите меѓународни и правни норми на индивидуалното и колективното право на човековите слободи, рече Клетников.

Баритонот Борис Трајанов посочи дека уметниците и научниците се пред се индивидуалци со свои ставови за тоа што треба да се прави, но, како што потенцира, сите ги поврзува тоа што се чуствуваат како Македонци.

– Ние не треба да преговараме туку да разговараме за името со Грација. Ако тие сметаат дека Македонија била грчка, дека народот што живеел во античко време бил грчки, тоа е нивно право, ние си знаеме што сме, но имаме една заедничка судбина и наместо да преговараме за тоа како да го смениме треба да разговараме како тоа име да биде уште посветло и поблескаво насекаде низ светот, појасни Трајанов.

Тој смета дека името „Македонија“ треба да ги поврзува нашата татковина и јужниот сосед. За него тезата дека Македонците се скептици за влез во ЕУ бидејќи сакаат да си го задржат името е нелогична, бидејќи, како што посочи, тие сакаат да се во Европа, но не преку непристоен предлог.

Идејата за концертот, според Васил Атанасов, е да упатат уште еднаш порака до Европа дека уметниците со љубов прават нешто за Македонија и ја претставуваат пред светот.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.