|
||||
СРЕЌНА НОВА 2024 г. ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ ! |
Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Браќа и сестри, Нека Новата 2024- биде година на национално сплотување и успеси на македонскиот народ и држава. Македонците кои се надвор од границите на Македонија, да си дојдат дома и да најдат можност да останат во својата земја, татковина на сите нас, во библиска Македонија. Во новата 2024 година да посакаме Слобода за нашите Уставобранители. За Македонија сме задолжени и не смееме да заборавиме како сме стигнале до овој историски момент. Да ги отвориме срцата и да посакаме подобрувањето на економската слика, да видиме задоволство на сечие лице и среќа во сечие срце. Македонците се дадени од Бога за да сакаат и да даваат, ние сме доброчуден народ и гостопримлив, да го сочуваме достоинството создавано низ историјата, и да го исполниме долгот на Македонскиот дух и код, за кој сме дадени. Европа нема да биде обединета ако земјата на Филип таткото на Александар Македонски, кои пред неколку илјади години го започнале обединувањето на народите, не биде рамноправен партнер со останатите држави во Европа и во светот. Европа нема да биде обединета ако на нејзиното знаме не блесне и Македонското сонце. Во 2024 година не очекуваат Претседателски и Парламентарни избори, да избереме влада која ќе се грижи за Македонија и Македонците во Македонија, во соседните држави и за Македонците во целиот свет. Во Новата 2024 година оваа неспособна власт предводена од СДС и ДУИ да ги напушти фотељите, а на нејзино место да дојде влада која ќе ја извлече земјата од оваа катастрофална економска и политичка состојба и ќе ги поправи штетите направени под раководство на СДС и ДУИ, кои се однесуваат како Македонија да е нивна приватна своина. Среќна Нова 2024 година, и нека се весели БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ. АМИН! |