Вторник, 19 Јули 2022    PDF Печати Е-пошта
Членство во ЕУ по Секоја Цена е Пораз на Оваа Аматерска Дипломатија

1omd1

Каков е тој реципроцитет, европски вредности и договор за пријателство кога Република Бугарија може да се меша во внатрешните работи на Република Македонија?

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) е загрижена дека денешниот чекор на Република Македонија кон членство во Европската Унија е погубен и води кон катастрофални отстапки без никакви гаранции за успех.

Имено, македонската влада мора да направи уставни промени за почеток на преговори кои може да траат бесконечно. И кога можеби еден ден Република Македонија ќе ги исполни сите критериуми за членство во Европската Унија, со оваа аматерска дипломатија и се овозможува на Бугарија да ја уценува Македонија и да налага низа промени во историјата, државноста и идентитетот. Бесплатен совет до оваа власт, кога се преговара, обврзувачките акти треба да стапат во сила на крајот од процесот а не на почетокот.

“Каков е тој реципроцитет, европски вредности и договор за пријателство кога Република Бугарија може да се меша во внатрешните работи на Република Македонија, да налага уставни промени и да диктира малцински права, а Република Македонија мора да молчи и да ги игнорира правата на македонското малцинство во Бугарија кои се де факто и де јуре прекршени?” Изјави еден од основачите на ОМД, Александар Митрески.

Особено загрижувачки е тенденциозното занемарување на транспарентност што владата го примени во фарсата наречена јавна дебата во парламентот. Намерно се криеше фамозниот протокол кој ја претвора Република Македонија потчинета во овој процес каде ќе има ревизии на нашата историја и учебници. Владата го лаже македонскиот народ за тежината на овој протокол каде мораат да се покажат напредоци во промена на нашата историја доколку Македонија сака да биде членка во Европската Унија. 

Од правна точка, најважно во целиот овој процес е дека владата на Република Македонија или некој друг субјект нема ингеренции од македонскиот парламент да води било какви преговори со Бугарија бидејќи овој протокол не беше дискутиран во парламентот ниту пак беше вклучен во заклучоците за кои македонскиот парламент гласаше. Што значи дека протоколот нема никаква правна основа.

Денеска нема простор за славење бидејќи македонската влада и СДСМ за да остане на власт, беше приморана да прифати погубни барања од Бугарија, наложени од албанските партии во Македонија со цел да се овозможи стартот на ЕУ преговорите на Албанија.

На Бујар Османи не му смета да ја распродава македонската историја и идентитет доколку албанските интереси се задоволени. Со ваков пристап не се гради соживот, туку напротив поголем меѓуетнички раздор. Целта да се влезе во Европската Унија по секоја цена не е успех туку огромен пораз за оваа влада.

Историјата се повторува и ќе остане запаметено дека повторно СДСМ ја предаде Македонија и македонската кауза по редот други круцијални предавнички постапки (промена на име, знаме, итн).

Еден ден ќе нема што да остане да се распродава од Македонија, а таа е се што имавме.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.