Недела, 24 Јули 2022    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: СДСМ ако смета дека е со нив народот не треба да се плашат и нека излезат на референдум

1Hristijan Micko

СДСМ ако смета дека е со  нив народот не треба да се плашат и нека излезат на референдум и само на тој начин ќе се знае дали тие се во право или ВМРО-ДПМНЕ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан на Демократски сили на Ромите,  одговорајќи на новинарско прашање, при што истакна дека против референдум се само СДСМ и нивните инсталации во опозицијата додека целиот народ бара референдум.

- Што се однесува до дебатата во јавноста има една чудна состојба, а тоа е дека противници на референдумско изјаснување на народот се власта и оние инсталации на власта во опозиција. Тоа е една чудна ситуација која ги обединува тие  инсталации на власта во опозиција и помеѓу македонскиот народ и самата власт. А сите останати, огромно мнозинство граѓани без разлика на етничка припадност се за тоа да имаме референдум, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека за референдумот добил поддршка од ИК и ЦК на партијата и во следниот период следат консултациите со експертите и јавноста за тоа каков ќе биде референдумот и кога би се одржал.

- Со таков став излегов пред Извршниот комитет и Централниот комитет  на партијата за што добив и недвосмислена поддршка. Во периодот кој следи ќе продолжат консултациите со експертите со јавноста околу тоа каква форма ќе биде референдумот, задолжителна, консултативна, кога би се одржал, кој би го поднел, дали пратениците, дали 150.000 граѓани, дали ќе биде референдум  претходен или последователен, дали ќе се однесува на преговарачката рамка или на делот од преговарачката рамка кој се повикува на билатералниот договор о Бугарија и изворот на проблемите, тоа е протоколот, изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека референдумот треба да го заштити македонскиот идентитет и дека оваа влада која нема никаков кредибилитет нема право да преговара и нема право да потпишува договори.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.