|
||||
Европската Унија го троши својот кредибилитет |
Мицкоски: Не ја поминавме црвената линија, некој друг ја премина линијата на здравиот разум
Европската Унија го троши својот кредибилитет кога се удоволуваат мегаломанските барања на поединечни држави, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Токму за време на посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, Александар Николоски на Будимпешта, каде остварија средба со Виктор Орбан - премиер на Унгарија и претседател на нивната сестринска партија ФИДЕС, еврокомесарот за проширување, Унгарецот Оливер Вархеји, во интервју за Еуроактив упати критики до македонската опозиција - дека таа ги поминала основните демократски црвени линии во дејствувањето против францускиот предлог. „За Северна Македонија ова треба да биде момент за отрезнување, и за опозицијата. Палењето документи во пленарна сала, туркањето на луѓето во насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета. Постојат многу јасни граници за европскиот начин на водење политика, многу јасни граници за цивилизираната политика, а моја процена е дека многу од тие црвени линии беа поминати од опозицијата“, изјави меѓудругото Вархеји.За оваа критика и за тековните активности на ВМРО-ДПМНЕ, ДВ побара одговор од нејзиниот лидер Христијан Мицкоски. ДВ: Ги поминавте ли црвените линии?-Сметам дека единствените црвени линии кои беа поминати беа тие на распродажбата на македонскиот идентитет, грубата трговија со нашите историски наследства и културни обележја врз кои како народ ја градиме нашата држава и го негуваме нашиот идентитет. Познавајќи ја европската бирократија, го разбирам господинот Вархеји кој како политичар во ЕУ сака уште едно завршено поглавје на своето биро, уште едно затворено прашање. И воедно, јасно ми е дека од негова гледна точка тешко е да се разбере она што за нас е исклучително важно, а тоа е нашиот идентитет и правото како немногуброен народ да опстоиме и тоа во состојба кога нашиот сосед има аспирации и неоправдано нѐ блокира, искористувајќи ја слабата и корумпирана влада, која не можејќи да испорача резултати - тргува со идентитетските обележја. Но исто така и комесарот треба да сфати дека во ситуација кога никој од владата не ја консултираше опозицијата при изработка на документот кој беше усвоен како преговарачка рамка, кога целосно беше игнорирана опозицијата и нашите барања јавно да се објави текстот од протоколот каде седат бугарските мегаломански барања, кога се прифати преговарачка рамка по која немаме вистински старт на преговорите туку обична фото-сесија и истите проблеми кои останаа, единствената црвена линија која се помина е таа на здравиот разум, на идентитетското распознавање на Македонија и народот како и бескрајната толеранција на Европската Унија на неразумните блокади и тапкањето во место. Воедно и Европската Унија го троши својот кредибилитет кога се удоволуваат мегаломанските барања на поединечни држави. Единствено што сакам и на што опстојувам е доследно почитување на вредностите врз кои почива ЕУ, а тоа е почитување на различностите, на силно вреднување на солидарноста, затоа што ниту Европа ниту Бугарија ќе има поголема корист од тоа што криминална влада и условени политичари исполниле мегаломански барања преку кои довеле една земја и народ во потчинета состојба. ДВ: Дали на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан ви беше пренесена слична порака, со оглед дека Вархеји потекнува од истата политичка опција? ДВ: Вашите опоненти велат дека со ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште раководи Никола Груевски, дека оттаму добивате инструкции, а има и јавно искажани сомневања дека заедно со Груевски сте биле на средба кај Орбан... ДВ: Течат вашите консултации за референдумското прашање, но и шпекулации дека Собранието ќе се прогласи за ненадлежно околу распишување на референдумот, бидејќи рамката ја усвојува Владата и тоа не е прашање во надлежност на Собранието. Што очекувате? ДВ: Наќе Чулев, кој беше ваш партиски предлог за министер за внатрешни работи во техничката влада, соопшти дека по 25 години повеќе не е дел од безбедносниот систем. Од Агенцијата за разузнавање објаснија дека до овој момент Чулев нема добиено отказ од АР, туку е суспендиран од работа, а причина за тоа било добиено Решение од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Знаете ли за што точно станува збор во овој случај?-Наќе Чулев е врвен професионалец кој повеќе од 25 години работи во безбедносните структури, штитејќи го уставниот поредок и безбедноста на Македонија. Тоа парче хартија кое се пишува во политичките кабинети на безбедносните служби е само хартија каде по партиска директива и со мериторно мислење се прави партиски реваншизам. Изговорот е дека Чулев бил екстремист и радикал, а тој секогаш бил во првите редови за Македонија. Одземањето на безбедносниот сертификат е политичка нарачка. Впрочем причините за неговото отпуштање од службата по цели 25 години работа за Македонија е зашто Чулев им ги ловеше криминалите. Е затоа, за жал, во Македонија се останува без работа. Мојата целосна поддршка е за Чулев и знам дека нема никаква грешка направено, затоа што за мене е доблест, а не е грешка сакањето и работењето за Македонија. |