|
||||
Мицкоски: Советничката листа предводена од Ангел Карапетров е обединувачка за модерно и современо Тетово |
Ја започнуваме кампањата за овие би рекол предвремени избори за советници овдека во општина Тетово. Очекуваме во оваа кампања граѓаните да кажат гласно НЕ на политиките на Владата на СДСМ и ДУИ. Очекуваме листата предводена од Ангел Карапетров, листата на ВМРО-ДПМНЕ да апсолутно освои повеќе советници од таа што беше бројка до сега. Очекуваме бројот на гласови да биде поголем иако периодот кој што е сега е навистина предизвикувачки поради годишните одмори кои што ги користат нашите сограѓани. Но, мислам дека мобилизацијата ќе биде на високо ниво. И ценам дека граѓаните овде во Тетово на овие избори и ќе гласаат НЕ односно ќе гласаат ПРОТИВ коалицијата на СДСМ и ДУИ. А, ќе гласаат ЗА ново, модерно и современо Тетово, и нормално ќе гласаат за советничката листа ВМРО-ДПМНЕ, преводена од Ангел Карапетров. Јас сум убеден дека тоа ќе биде листата која што ќе направи многу за граѓаните овдека во Тетово, и тоа е листата која што ќе треба да покаже еден обединувачки карактер односно граѓаните во Тетово, овдека да се обединат. Бидејќи само на тој начин можат нивните права презентирани и репрезентирани од страна на преставници во Општина Тетово на ниво кое што тие очекуваат. Свесен сум дека ќе постојат и други кои што ќе сакаат да го фрагментираат гласачкото тело овдека во Тетово, но убеден сум дека граѓаните ќе бидат над таа ситуација, ќе го препознаат квалитетот и ќе го дадат својот глас за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. |