Среда, 03 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
Ковачевски е тој кој го прави предавството
2a 2
 
Димитриеска Кочоска: Ковачевски е тој кој го прави предавството, а се крие зад оцрнување на ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ е за интеграција, но со достоинство, а не со понижувања

Неуспешни се сите обиди од страна на СДСМ во кои што се обидува да ја обвини ЕУ за лошите состојби во државата, се обиде да го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не доволно ги брани националните интереси. Меѓутоа мора да знаеме дека уште од почетокот на преговарање на СДСМ за распродажба на националните интереси тие имаат поставено две цели. Првата цел беше да ја обвинат ЕУ за сето лошо што се случува во државата, односно лошата состојба и втората цел која што ја имаа поставено беше да инфилтрираат нивни структури во опозицијата кои што постојано ќе коментираат дека опозицијата е премногу блага и недоволно се бори за националните интереси на Македонија. Меѓутоа ниту едната ниту другата цел не им успеа. Прво да не заборавиме СДСМ е таа партија која што во континуитет правеше во години наназад хајки против ЕУ, да не го заборавиме нападот кој што го направија врз поранешниот француски амбасадор Тимонје, во исто време граѓаните повеќе од јасно знаат кој е предавникот во државата и точно тие знаат дека предавството не доаѓа од надвор. Предавствата се случуваат во Македонија и тие имаат име презиме, почнувајќи од Зоран Заев, преку Стево Пендаровски, за денес да зборуваме дека и Димитар Ковачевски ја продолжи таа предавничка политика, вели Гордана Димитриеска Кочоска одговорајќи на новинарско прашање за обвинувањата од страна на СДСМ дека е антиевропска партија денеска од Тетово.

Димитриеска Кочоска потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е проевропска партија која е за влез во Европската унија на достоинствен начин, а не како што сега тоа го прави власта, укажувајќи дека единствен излезе од ваквата ситуација е одржување на референдумот кои што го бараат, а од кој што СДСМ очајно бега.

Жално е ова што ќе го искоментирам, но имам чувство дека се во состојба и сопствената мајка да ја предадат само за да останат ден повеќе на власт, за да можат да се збогатат што е можно повеќе да крадат од граѓаните, и да не сработат ништо во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е проевропска парија. Партија која што од самите зачетоци зборува дека патот на Македонија е во ЕУ и тоа во континуитет се бори и прави. Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ е за влез во ЕУ достоинствено, а  не со понижувања. И единствен излез за тоа е преку референдумот кој што го бараме, а од кои што тие очајно бегаат, заклучи Димитриеска Кочоска.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.